Добра вест за жените: Ова се најдобрите години за раѓање деца

Точка

11/01/2017

21:19

10.279

Големина на фонт

а а а

Со децении наназад жените биле советувани дека може да биде многу опасно раѓањето деца по 35 години.

Денес научниците го тврдат спротивното т.е. дека оптималните години за раѓање се многу подоцна отколку што се верувало до неодамна. Сега поголем број на жени ги чекаат позрелите години за да се одлучат за овој чекор.

Достапните и разновидни видови на контрацепција прават дамите да се одлучат за образование и кариера отколку за раѓање деца. Постојат приказни дека во подоцнежните години ризикот од компликации и деформитети станува поголем, но научниците велат поинаку.


Истражувањето на Универзитетот во Калифорнија покажува дека 35-тата година од животот е оптимална за раѓање на првото дете. Мајките тогаш имаат многу поголеми животни очекувања, но и ментална зрелост. Истражувањето вклучило жени во период на менопауза со бремености од 15 до 24 година од животот и жени кои родиле после 35-тата година.

Постарата група покажала подобро реагирање и начин на решавање на проблемите, поразвиени вербални вештини, ментална острина и подобра меморија. Накратко, нивниот ум бил поздрав. Причината за тоа се хормоните.

Бидејќи естрогенот и прогестрогенот се зголемуваат за време на бременоста, со себе носат многу поголеми бенефиции кај позрелите жени, поради начинот на кој ја поттикнуваат работата на мозокот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг