Валенсија нафрли со левата нога, социјалните мрежи еруптираа

Дерби

11/01/2017

20:00

1704

Големина на фонт

а а а

Антонио Валенсија е еден од фудбалерите кои се омилени меѓу фановите на Манчестер Јунајтед поради неизмерниот труд кој го вложува не секој одигран натпревар, а за тоа колку Еквадорецот е сестран фудбалер најдобри ни говори тоа што во последно време од крилен напаѓач се претвори во одличен десен бек.

Валенсија е постојан избор на Жозе Мурињо на десната бековска позиција, но ако има нешто за што брзоногиот играч често знае да добие критики од аналитичарите, тогаш тоа секако е слабата игра и употребата на левата нога.

Дефанзивецот на Јунајтед игра исклучиво со десната нога и најчесто ги избегнува дури и најкратките пасови со левата нога, па токму поради тоа еден негов потег на вчерашниот натпревар со Хал предизвика ерупција на социјалните мрежи.

Валенсија се одлучи да испрати еден центаршут со левата нога, а без разлика што истиот заврши во гол-аут, фановите на големо зборуваат за неговата одлука конечно да ја употребни левата нога.

– Заборавете на Вејн Руни и рекордот на Сер Боби…. Валенсија тукушто центрираше со ЛЕВАТА НОГА…, – гласат дел од најкомичните коментари на социјалните мрежи.








Спонозорирани линкови

Маркетинг