Луис Енрике го врати Ракитиќ, но си најде нова „жртва" од стартерите во првиот тим

Дерби

11/01/2017

18:45

1.785

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике ја изненади комплетната јавност во Шпанија откако реши да го остави Иван Ракитиќ надвор од списокот за дерби натпреварот со Вилјареал кој се одигра во неделата, но ако хрватскиот играч за врска сега се врати во плановите на тренерот, сепак Лучо повторно е топ тема меѓу каталонските медиуми поради едно ново прецртување.

Стручниот штаб на Барселона и играчите го окарактеризираа денешниот натпревар против Атлетик Билбао како многу важен со оглед на негативата која ја имаат по првиот куп дуел (2:1), па токму поради тоа изненадува фактот што Луис Енрике „избриша“ едно име кое во изминатиот период добиваше шанса во стартниот состав.

Андре Гомеш беше стартер на натпреварот против Вилјареал кој заврши 1:1, но само три дена подоцна им се приклучи на играчите кои се прецртани од страна на Луис Енрике поради технички причини.

Покрај Андре Гомеш, неповикани за вечерашниот дуел на „Камп Ноу“ се уште Жорди Масип, Алеиш Видал и Жереми Матје.


Спонзорирани линкови

Маркетинг