Жозе незадоволен од виденото: Мурињо испрати две замерки до играчите и фановите на Јунајтед

Дерби

11/01/2017

18:00

1140

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо го пофали потегот на Маруан Фелаини по крајот на натпреварот кој го одиграа Манчестер Јунајтед и Хал, но менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“ имаше и неколку забелешки за средбата од ЕФЛ купот, меѓу кои за идвојување се оние до своите играчи и фанови.

Португалскиот стручњак не може да сфати зошто неговиоте играчи преемотивно го прославиле водечкиот гол кој го постигна Хуан Мата на стартот на второто полувреме, а во свој стил потенцираше дека атмосферата на „Олд Трафорд“ можела да биде многу подобра.

– Им реков на играчите дека мора да играме фудбал. Во куп натпреварите секој гол може да биде клучен, затоа не ми е јасно зошто моите играчи го славеа првиот гол кога преостанаа уште најмалку 30 минути игра. Мислам дека не требаше да го направиме тоа, според мене, нема логика да се слави првиот гол на ваков натпревар на начинот на кој го прославивме. Ќе кажам дека бевме многу лоши во првото полувреме. Играчите требаше да бидат подобри, јас требаше да бидам подобар, а и фановите требаше да бидат подобри од трибините, – порачува Мурињо во интервјуто за „Скај Спортс“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг