Кина ги здружува државните медиуми во моќна медиумска групација за економски и финансиски вести

Макфакс

11/01/2017

16:46

422

Големина на фонт

а а а

Кина се подготвува да консолидира пет државни медиумски компании и да создаде модерна медиумска групација за финансиски вести, со цел да ја зајакне улогата на државата во медиумското следење на вести од подрачјето на економијата и финансиите, јави во среда државната новинска агенција Синхуа.

Кинеската влада и даде дозвола на државната новинска агенција Синхуа да ги преземе и консолидира медиумските компании China Securities Journal, Shanghai Securites News, Economic Infomation Daily и Xinhua Publishing Group и да основа нова компанија под име China Fortune Media Corporation Group.

Ваквиот потег има за цел да ги зајакне реформите во секторот на културата што ги спроведува централна власт и да го зајакне влијанието на „мејн стрим“ медиумите во подрачјето на финансиските информации, се вели во соопштението на државната новинска агенција Синхуа.

Новата медиумска компанија ќе биде основана за една недела во Пекинг.


Спонозорирани линкови

Маркетинг