Незапаметено: Јадранот го погодила снежна олуја, а еве како изгледа тоа

Точка

11/01/2017

16:27

3.614

Големина на фонт

а а а

Ниту најстарите жители на Херцег Нови не паметат ваков ден - прво градот бил поклопен со снег, а потоа, откако само што почнал да се топи, мештаните во еден од најтоплите градови на Јадранот добиле уште едно ново изненадување, во вид на нова, голема олуја.

Во градот бил прекинат и сообраќајот поради завеаните патишта уште по утринскиот снег, а новите врнежи предизвикале нови проблеми.


Како што јавило локалното Radio Jadran, по утринското изненадување состојбата во центарот на градот била ставена под контрола, за чистење биле ангажирани претпријатијата "Чистота", "Водовод и Канализација", и "Комунално-станбено", како и Службата за заштита и спасување и Службата на комуналната полиција.


Воспоставена била одлична соработка со соседната хрватска општина Конавли, чии екипи ја чистеле делницата помеѓу границата на Црна Гора и Хрватска, како и со претпријатието "ЦрнаГораПат", чија оператива ја одржува Јадранската магистрала.

Утрово побелела и Будва.







Снегот не го заобиколил ни древниот Котор - палмите обелеле во околу 15 часот....




И Дубровник во Хрватска се нашол под снег, а мештаните имале многу проблеми во сообраќајот.







Спонозорирани линкови

Маркетинг