Грција ја тужи Хрватска заради патролни бродови

Макфакс

11/01/2017

15:25

655

Големина на фонт

а а а

Грција побара од Хрватска да и го врати авансот уплатен за шест патролни бродови наменети за грчката Крајбрежна стража.

Договорот вреден 13,4 милиони евра грчката Крајбрежна стража го потпиша пред три години со бродоградилиштето Монтмонтажа Гребен, од Вела Лука на Корчула.

Беше предвидено бродовите да бидат долги 25 и широки шест метри и да бидат доставени до јуни 2015 година.

Но, Хрватите до 2015 година испорача само два брода, а бродоградилиштето од Вела Лука минатиот месец прогласи стечај.


Спонзорирани линкови

Маркетинг