Гвантанамо: 15 години мачење и незаконско затворање

Точка

11/01/2017

16:13

2694

Големина на фонт

а а а

На денешен во 2002. година затворот Гвантанамо ги примил првите затвореници, а 15 години подоцна во него уште има 55 луѓе кои не знаат кога и дали ќе го напуштат тој објект.

Мачење, незаконско затворање и штрајкови со глад, биле само некои од мотивите според кои овој американси затвор станал познат.

Анти-Гвантанамо протести денес се одржуваат во Лондон, Лос Анџелес и Вашингтон, каде организацијата Amnesty International бара претседателот Барак Обама да ги искористи своите овластувања и пред инаугурацијата на Трамп на 20. јануари конечно да го затвори Гвантанамо.

Затворениците и активистите ги загрижува фактот што Гвантанамо и натаму работи и покрај ветувањето на Обама дека ќе биде затворен, додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп неодамна твитувал дека смета дека преостанатите затвореници е треба да се ослободат, и дека затворот треба да се наполни со други лоши момчиња.


Од отворањето на Гвантанамо, лоциран во американската воена база на Киба, умреле девет затвореници, од кои за седум се верува дека извршиле самоубиство.

Во текот на 15-годишното постоење, само 9 затвореници биле осудени за некое злосторство. Од 55 затвореници кои сè уште се наоѓаат во Гвантанамо, еден е осуден, за девет судењето е во тек, а за 19 е одобрено пуштање на слобода.

Тие остануваат во неизвесност, како и преостанатите 26, против кои нема започнато постапка, или поради недостиг на докази или поради тоа што доказите биле добиени со мачење или изнуда, или затоа што за нив не е надлежен ниеден суд.

Преку озлогласениот "Гитмо' минале околу 800 затвореници, од кои повеќето биле мачени, најмногу со техниката позната како "Waterboarding".


Покрај таа техника, која подразбира поливање со вода на лицето на затвореникот покриено со крпа, за да предизвика чувство на давење, според зборовите на оние кои биле ослободени, во Гвантанамо применувале и други техники: плашење со кучиња, кратење на сон, затворање на голи луѓе во мрачни самици на долги периоди.

Истражувањето на Авганистанската мрежа на аналитичари од 2016. година покажало дека американските власти многу затвореници држеле на основа на многу тенки докази.

"Секој можеше да биде затворен. Доказ можеше да биде безначајна низа на познанства - затвореникот го познавал лицето А, кое го познавало лицето Б, кое го познавало лицето Ц, кое го познавало Бин Ладен", рекла авторката на извештајот, Кејт Кларк.

Меѓу затворениците имало најмалку 15-тина деца, како Омар Кадри уапсен во Авганистан кога имал 15 години и обвинет дека фрлил граната на војник, и Мохамед ел Гарани, кој со 14 години биле најмлад жител на Гвантанамо.


Гарани бил обвинет дека се борел за талибаните и дека бил член на Ал Каеда во Лондон, и покрај тоа што никогаш не бил ни во Авганистан ни во Англија, па поради недостиг на докази бил ослободен седум години подоцна.

Агонијата на преостанатите затвореници можеби најдобро ја осликува реченицата на Шакер Амер, ослободен во 2015. година, откако минал 13 години во Гвантанамо без обвинение.

"Гвантанамо се раководи само според еден концепт: како да уништиш едно човечко суштество", рекол Амер во интервјуто за RT.


Спонозорирани линкови

Маркетинг