Мразеше Евреи до самиот крај: Конечно е откриена судбината на големиот нацистички воен злосторник

Точка

11/01/2017

18:00

4710

Големина на фонт

а а а

Нацистичкиот злосторник Алоис Брунер, одговорен за смртта на 130 илјади Евреи починал во 2001-ва година на 89 години, затворен во запуштен подрум во Дамаск, објави францускиот магазин XXI.

Тој француски истражувачки магазин кој што излегува во продажба еднаш во еден квартал и може да се купи во книжарите, извршил големо истражување околу судбината на една од најозлогласените фигури на нацистичкиот режим.

Тројца поранешни членови на сириската тајна служба со кои што разговарале новинарите на магазинот XXI откриле дека поранешниот соработник, односно десната рака на Алберт Ајхман, последните години од својот живот ги поминал живеејќи во бедни услови во подрум во една зграда во Дамаск.

Овој австриски командант на „СС“ единиците бил управител на логорот „Дренси“ кој што бил сместен северно од француската престолнина Париз, а токму од таму, Евреите од окупираниот дел на Франција биле транспортирани во најголемиот концентрационен логор – „Аушвиц“ во Полска.


Како што пренесува францускиот магазин, Брунер до крајот на животот останал непоколебив нацист и антисемитист. Еден од чуварите открил дека во последните години живеел во нехигиенски услови и јадел скромни војнички порции.

Околностите за животот на озлогласениот нацист Брунер долго време беа непознати за јавноста. Познатот ловец на нацисти Серге Кларсфелд чиј што татко починал во „Аушвиц“ изјавил за новинската агенција AFP дека заклучоците на магазинот XXI изгледаат „многу веродостојно“. Тој вели дека ако ништо друго „подобро да го завршел животот во беда, отколку да има добар живот“.

Адолф Ајхман, еден од творците на таканареченото „конечно решение“ на Третиот Рајх, кој што беше обесен во Израел во 1962-ра година, открил дека Брунер бил неговата „десна рака“.


Брунер по завршувањето на Втората светска војна ѝ побегнал на правдата затоа што го променил својот идентитет. Во Германија успеал да се крие до 1953-та година кога со лажен пасош побегнал во Египет. Потоа со лажен идентитет живеел во Алжир, па во Сирија каде што работел за тамошнта влада и бил соработник на тајните служби.

Кога Израелците му влегле во трага, сириската влада која што го негирала „неговото постоење“, во 1989-та година го ставила во куќен притвор. Од „безбедносни причини“, кон крајот на 90-тите бил преместен во споменатиот подрум.

„Кога влезе во просторијата, вратата се затвори и никогаш повеќе не се отвори“, раскажал еден од чуварите.

„Во диктатурата каква што имаше во Сирија, тој беше недопирлив се додека диктаторот не се ослободи од него“, вели Кларсфелд.

Во телефонското интервју за еден германски и американски весник кон средината и кон крајот на осумдесетите, Брунер рекол дека воопшто не жали за неговата улога во холокаустот: „Ги мразеше Евреите до самиот крај, а неговата верба во националсоцијализмот остана недопрена“, заклучи Кларсфелд.


Спонозорирани линкови

Маркетинг