Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила

Макфакс

11/01/2017

13:40

342

Големина на фонт

а а а

Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад.

Новите комунални возила, обезбедени со одлука на Советот на Општина Илинден, се со капацитет од 22 и 8 метри кубни и чинат 14 милиони денари.

„Со набавката на двете нови возила „ивеко“, покрај тоа што значително се подобрува постоечкиот возен парк на општинското јавно комунално претпријатие „Илинден“, кое сега се состои од 12 комунални возила-камиони за собирање и транспортирање на смет, цистерни за фекална канализација и вода и други помошни комунални возила, ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на 60-те лица вработени во ЈКП „Илинден““, се вели во соопштението од локалната самоуправа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг