Семејствата на жртвите во неверување: Започнува ревизијата на "нехуманите" затворски услови на Брејвик

Точка

11/01/2017

09:31

5002

Големина на фонт

а а а

Државата поднесе жалба на пресудата според која убиецот од Норвешка бил изложен на нехумани услови во затвор.

Норвешкиот суд веќе денес треба да започне да расправа за жалбата поради наводните нехумани услови во затворското сместување на Андерс Брејвик кој пред шест години во Норвешка изврши масакар убивајќи 77 лица на островот Утоја.

Во април минатата година окружниот суд во норвешкиот главен град Осло донесе одлука според која е заклучено дека Брејквик навистина е изложен на нехумани и деградирачки услови во затворот. Шокирани од таквата одлука, државните обвинители веднаш упатија жалба.


Брејвик на норвешкиот остров Утоја, облечен како полицаец уби 69 лица од кои најголемиот број од нив беа тинејџери, а еден ден после крвавиот масакр, бомба која што ја поставил во центарот на Осло експлодираше и уби уште осум лица.

Андерс Брејвик моментално отслужува казна со времетраење од само 21 година, а за судот главниот фактор да ја донесе пресудата за нехуманите услови било тоа што најголемиот дел тој го поминал во тотална изолација. Таквиот третман му бил обезбеден, пред се поради безбедносни причини.

Судот проценил дека Брејвик ја отслужува затворската казна во нехумани услови затоа што неговата ќелија била претресувана неколку пати, чуварите користеле лисици кога го пренесувале низ блоковите и Брејвик се жалел дека често бил буден навечер.


За време на сослушувањето во судот, Андерс Брејвик дополнително го шокираше светот со нацистички поздрав, а себеси се спореди со големината на Нелсон Мендела.

Семејствата на загинатите сега стравуваат дека Брејвик ќе добие повторно големо медиумско внимание, а во најлош случај поради „нехуманите“ услови, убиецот на 77 лица би можел да добие дури и намалување на затворската казна.


Спонозорирани линкови

Маркетинг