Тоа е истата личност? Ослабела 18 килограми и конечно е среќна

Точка

10/01/2017

20:41

5.602

Големина на фонт

а а а

Клои секогаш беше позната како „полничката Кардашијанка“. Но, таа започна нов живот и се посветила на здравата исхрана и вежбањето со кои изгубила 18 килограми.

32 – годишната Клои Кардашијан конечно е горда на своето тело. На Инстаграм таа објави фотографија која покажува како изгледала претходно и како изгледа по големата трансформација.

A photo posted by Khloé (@khloekardashian) on


Старлетата отсекогаш беше позната како „полничката Кардашијанка“, а потоа по раскинувањето со Ламар Одом (37) одлучила да стави крај на тоа и да започне поинаков живот. Имено, таа се посветила на здравата исхрана и вежбањето со кои изгубила 18 килограми.

A photo posted by Khloé (@khloekardashian) on


„Ако пред пет години ми речевте дека ќе станам зависна од вежбање и здрава исхрана и дека ќе им бидам инспирација на други луѓе и ќе им помогнам да бидат истрајни во своите одлуки, ќе ви се изнасмеев в лице“, рекла старлетата и додала дека некогаш нејзиното главно оправдување било дека има „тешки коски“.

A photo posted by Khloé (@khloekardashian) on


Клои ја издаде книгата 'Strong Looks Better Naked' која зборува за нејзината трансформација, а наскоро започнува и шоуто 'Revenge Body' во кое ќе им помага на кандидатите кои се борат со ист проблем.

A photo posted by Khloé (@khloekardashian) on


„Процесот одеше полека. Мојата цел не беше да изгубам 10 килограми за 10 дена. Сакав да бидам емоционално посилна“, објаснила Клои Кардашијан.

A photo posted by Khloé (@khloekardashian) on



Спонозорирани линкови

Маркетинг