Берни Еклстон: Промените нема да го забават Мерцедес

КРУГ.МК

10/01/2017

17:10

598

Големина на фонт

а а а

Шефот на Формула 1, Берни Еклстон, изрази загриженост дека променатана правилата во пресрет на 2017 година ќе направат малку за намалување на доминацијата на Мерцедес.

„Во однос на моторот, доминацијата на Мерцедес е навистина голема и поради тоа ни треба ново правило за мотори колку што е можно поскоро. Ред Бул сепак веруваат дека можат да го победат Мерцедес со подобра аеродинамика, но јас не сум сигурен во врска со тоа.

Жан Тод смета дека хибридите се духот на новото време, а тоа можеби и е целосно точно за нормалните патнички автомобили, но во Формула 1 луѓето сакаат да видат нешто посебно. Сакаат да гледаат бучни и моќни мотори кои може да ги управуваат само најдобрите возачи во светот. Знаете, на професионалните фудбалери не им ставаат ортопедски копачки само затоа што ваквите патики се популарни насекаде низ светот“, изјави Еклстон за германски Bild.

“Стариот лисец“ смета дека Формула 1 треба целосно да се промени, а сложеноста на правилата да се намали.

„Правилата треба да се променат, сите правила. Премногу се сложени. Ние сме во бизнисот со забава, но како да ги забавуваме лушето кога публиката повеќе не разбира ништо што се случува. Дури и возачите не разбираат целосно што смеат, а што не смеат да прават на патеката. Понекогаш мислам дека Правилниот вели “Не се тркајте“. Да ги оставиме понекогаш да се допрат, да ги оставиме сами да одлучуваат“.

Еклстон уште еднаш потенцираше декае добро во идина да се промени и форматот, односно наместо класичниот ГП викенд, да има покуси спринт трки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг