Нов напад во Турција: Терористите нападнале полициска станица, еден напаѓач убиен, полицајци ранети во крвава пресметка

Точка

10/01/2017

16:51

4.059

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот пукал на полицијата која го возвратила огнот, а според извештаите на "NTV" можно е да планирал и самоубиствен бомбашки напад.

Во Турција бил убиен еден од терористите при обид за напад на полициската станица во Газијантеп, во близина на границата со Сирија, јавила денес приватната телевизиска станица NTV. Двајца полицајци биле ранети во оваа акција во турскиот град.

Уште две лица осомничени за соучество побегнале од местото на настанот, додава NTV.




Напаѓачот пукал на полицијата која го возвратила огнот, а според извештаите на "NTV" можно е да планирал и самоубиствен бомбашки напад.

Новинската агенција Dogan, и другите медиуми, јавуваат дека неколку амбулантни возила заминале во тој дел на градот.




Цела Турција е вознемирена по серијата напади, за кои се обвинуваат Исламската држава и курдските милитанти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг