Конечно ја држам ќерка ми во раце: "Човекот-дрво" излечен по 16 операции

Точка

10/01/2017

10:56

12.314

Големина на фонт

а а а

27-годишниот Абдул Баџандар од Бангладеш, кој поради големите "дрвени" израстоци по кожата го добил прекарот "човек-дрво", во последната година минал низ 16 операции, во текот на кои лекарите му отстраниле повеќе од 5 килограми од тие израстоци.

Болеста на Абдул ја предизвикува наследната генетска болест "епидермодисплазиа веруциформис", која е толку ретка што тој е еден од четири луѓе кај кои е дијагностицирана.




Докторите во медицинскиот центар во Дака почнале со третманите и операциите пред една година. Доколку израстоците не почнат повторно да избиваат, Баџандар ќе биде прв забележан случај излечен од ова ретко заболување, што е револуционерно достигнување во историјата на медицината, вели Саманта Лал Сен, координатор за пластична хирургија за Универзитетска медицина во клиниката во Дака.


"Го опериравме најмалку 16 пати за ги отстраниме израстоците. Дланките и стапалата сега изгледаат нормално. Ќе биде пуштен од болница за еден месец, по неколку помали хируршки интервенции за дланките да му добијат совршен облик", рекла докторката Лал Сен и додала дека неговите дланки и стапала целосно заздравеле.


"Не мислев дека некогаш ќе можам да ги држам децата во раце. Сега се чувствувам многу подобро. Можам да ја држам својата ќерка во скут и да си играм со неа. Не можам да дочекам да се вратам дома", пресреќен е Банџандар, кој трпел страшни болки.



Баџандар е од сиромашно село на југот на Кулха, на брегот на океанот. Сопругата Халима Хатун ја запознал додека бил здрав, но се разболел пред да се венчаат, против волјата на нејзините родители. Откако е на лечење, сите заедно живеат во болница.



Ако Баџандар навистина оздрави, докторката Лал Сен ќе биде во право - досега оваа болест имала само фатална завршница. Така и минатата година починал најпознатиот човек-дрво, Деде Косвар.



Спонозорирани линкови

Маркетинг