Косово: Собранието ќе расправа за притворот на Харадинај

Нетпрес

10/01/2017

09:57

319

Големина на фонт

а а а

Собранието на Косово на денешната вонредна седница ќе ја разгледа ситуацијата по притворањето на лидерот на Алијансата за Косово Рамуш Харадинај од страна на француските власти по потерница од Србија.

Притоа од владата ќе биде побарано да донесе конкретни мерки за ослободување на Харадинај и за спречување на натамошни апсења на граѓани на Косово врз основа на српски обвинувања. Харадинај беше уапсен во минатата недела по налог на Србија поради сомневање за воени злосторства.

Францускиот суд реши тој да остане во притвор додека Србија не достави барање за екстрадиција.


Спонозорирани линкови

Маркетинг