Неверојатна исповед на една манекенка: Од бездомничка која просела за дрога - до светски супермодел

Точка

10/01/2017

09:15

6.025

Големина на фонт

а а а

Некогаш успешната манекенка Лорна Такер проговорила за мрачното детство и за тоа манекенството ја спасило од пеколот на дрогата.

Лорна на 15 години побегнала од дома и ги напуштила родителите и четирите браќа и сестри. На почетокот живеела со семејството на својата пријателка, но кога и кажале дека мора да се врати дома, Лорна побегнала и од нив и живеела на улица.

Наскоро станала зависник од хероин.


"Ужасно чувство, знаеш дека никој не ти треба за да преживееш, но во исто време потребна ти е љубов", рекла денес 30-годишната Лорна за Independent.

Времето го минувала во близина на една железничка станица, каде ја забележал еден моден агент.


"Тоа беше прв пат поради некој да се чувствувам убава".

Сепак, поради хаотичниот начин на живот, не можела да ја прифати кариерата на модел. На 16 години дури и се обидела да се убие.


За среќа, ја пронашле на време, и со помош на семејството и пријателите успеала повторно да врати контрола над својот живот. Една година подоцна ја прифатила понудата, а неколку месеци подоцна се наоѓа во Лондон, Милано и Париз, каде снима едиторијали за познати брендови.

"Моделингот ме спаси бидејќи запознав луѓе кои ме променија во целост", рекла Лорна, која сега се занимава само со снимање на документарци.

Лорна Такер денес е мајка на три деца, а "чиста" е веќе 7 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг