Албански „Анонимуси“ најавуваат војна ако Франција не го ослободи Харадинај

Точка

09/01/2017

16:37

7.035

Големина на фонт

а а а

"Директно до француската влада. Ние сме "Anonimous-Albania". Многу сме разочарани од вашиот став за апсење на господин Рамуш Харадинај, еден од нашите херои", се наведува на почетокот на пораката.

Групата "Anonimous" од Албанија ѝ се заканила на Франција дека ќе ја плати цената и ќе биде виновник за почеток на војна на Балканот, доколку не го ослободи Рамуш Харадинај, пренесуваат албанските медиуми.


Во видео-пораката преку ЈуТјуб, членовите на "Anonimous-Albania" велат дека се многу разочарани од одлуката на француските власти во врска со апсењето на Харадинај, оценувајќи ја како провокација.

"Директно до француската влада. Ние сме "Anonimous-Albania". Многу сме разочарани од вашиот став за апсење на господин Рамуш Харадинај, еден од нашите херои", се наведува на почетокот на пораката.

За оваа група Харадинај придонел за ослободувањето на Косово во 1998. година, додавајќи дека Косово е независно, а не дел од Србија, пренесува Telegraf.rs.

"Вие го поткопувате дијалогот помеѓу Косово и ЕУ. Вашата провокација ќе отвори војна на Балканот. Не си играјте со нас. Не би требало да го екстрадирате Харадинај во Белград. Не заборавајте, или Харадинај на слобода, или ќе платите. Ние сме "Anonimous-Albania". Ние не простуваме, не забораваме, чекајте не", заклучува оваа група.



Спонзорирани линкови

Маркетинг