Босанските Срби го одбележуваат Денот на Република Српска

Нетпрес

09/01/2017

11:20

395

Големина на фонт

а а а

Босанските Срби денеска го одбележуваат денот на државноста, односно 25 години од декларацијата на 9 јануари 1992 година кога во северниот и источниот дел на Босна и Херцеговина беше прогласена Република Српска со што се запали војната во БиХ.

Територијата стана автономен регион со Дејтонскиот мировен договор во 1995 година со кој заврши војната.

Во минатиот септември босанските Срби гласаа на референдум 9 јануари да се одбележува како ден на државноста што предизвика расправии меѓу претставниците на босанските Срби и босанските Муслимани кои се против овој празник. Уставниот суд на БиХ пресуди дека референдумот бил незаконски.


Спонзорирани линкови

Маркетинг