Морето исфрлило илјадници киндер јајца на плажа во Германија

Точка

06/01/2017

11:52

16.144

Големина на фонт

а а а

Десетици илјади киндер јајца исфрлило морето на брегот на германскиот остров Лангеог, еден ден после големата бура во таа област.

Децата и возрасните се упатиле на плажата преполна со црвени, сини и жолти пластични капсули со играчки. Се протегале во должина од неколку километри.


„Веројатно има повеќе од 100.000 јајца“, рекол началникот на Лангеог, Уве Гарелс.

И додека децата се радувале, нему тоа не му било смешно. „Ова е големо еколошко загадување и голема опасност за животните“, рекол Гарелс.

Властите веруваат дека киндер јајцата потекнуваат од пет контејнери кои паднале од товарен брод за време на бурата, наведува Хина.

Киндер јајцата испливале на брегот без чоколадната обвивка, а покрај нив имало и пластични кеси со Лего Стар Ворс фигури.



Спонозорирани линкови

Маркетинг