Ја обвинуваат дека имала многу пластични операции: Што ќе речете вие после овие фотографии?

Точка

06/01/2017

11:14

17.519

Големина на фонт

а а а

Музиката на Лана дел Реј е вистинско освежување на светската музичка сцена. Покрај комплиментите кои ја следат нејзината работа, за нејзиното име се поврзуваат и гласини дека го променила изгледот со многу пластични операции. И тие гласини одново започнуваат штом ќе се појават нејзини стари фотографии. Една од нив е оваа која следува во продолжение.


Разликите помеѓу Лана на левата и Лана на десната страна од фотографијата се и повеќе од очигледни.


Пејачката го менувала постепено својот изглед, а гласините дека побарала помош од естетски хирург станаа уште посилни по нејзиното појавување во март минатата година на традиционалната забава на Елтон Џон, која славниот музичар ја организира после секое доделување на Оскарите.

Лана тогаш не сакала да ги коментира таквите наслови.

И додека гласините за нејзинтие естетски корекции никако целосно да замрат, голем број на фанови застанува на нејзина страна.


Нивната поддршка не изостанала ниту после објавувањето на старите фотографии од пејачката. Обожавателите порачуваат дека Лана отсекогаш била убава, дека за нејзината кариера никогаш не бил важен изгледот туку исклучиво талентот.

Поддршката е важна, но она што е најважно е фактот дека Лана станува се` почеста гостинка на листите на славни личности кои претерале со пластични операции.


Талентираната и убава Лана би требало да запре со тоа, бидејќи тенка е границата од неумереност до екстремност...


Спонозорирани линкови

Маркетинг