Српскиот претседател ја откажа посетата на Косово во пресрет на Божик

Макфакс

05/01/2017

19:22

767

Големина на фонт

а а а

Откажана е посетата на Косово на српскиот претседател Томислав Николиќ во пресрет на православниот Божик, бидејќи властите во Приштина во четврток ги спречиле соработниците на Николиќ да влезат на косовска територија, јави радио телевизија на Србија(РТС), а потврдено е и од кабинетот на српскиот претседател.

Николиќ и директорот на владината канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ требаше на 6 јануари, на Бадник, да престојуваат во српската енклава Штрпце.

Но, дописникот на РТС јави дека претходницата на Николиќ била малтретирана на граничниот премин Мердаре, по што посетата е откажана.

Тоа требаше да биде негова прва посета на Косово од 2014 година, кога на 28 јули на годишнината од Косовската битка во 1389 година, го посети Газиместан.


Спонзорирани линкови

Маркетинг