Ова никако не смеете да го направите во Рим!

Точка

04/01/2017

19:02

7.472

Големина на фонт

а а а

Младите Италијанци се искапеле во 400 години старата фонтана, по што заминале пред да дојде полицијата, меѓутоа, самите се откриле објавувајќи фотографии на социјалните мрежи.

Кога ќе одлучите да го посетите Вечниот град, немојте да ви паднат на ум работите кои во 2016 година ги правеле разни туристи. Рим е град споменик и неговите фонтани, стари неколку векови, не се за капење, а ниту славниот Колосеум не е за боење.


Летото оваа година во Рим било топло, па некои туристи одлучиле да се разладат на прилично необичен начин. Имено, очигледно под импресии на славниот филм „Сладок живот“ и тие како хероината на овој филм, шведската убавица Анита Екберг, одлучиле да се разладат во Фонтана ди Треви.


Јасно, тоа се покажало како лоша идеја, бидејќи на местото на злосторството набрзо стигнале полицајци и им напишале казна од 450 евра за капење во фонтаната. Па така, ако ви е топло, подобро не доаѓајте ваму, бидејќи ем ќе испаднете „вандал“, ем „картата“ скапо ќе ве чини.

Секако, тие не се единствените кои ова лето се разладувале во фонтаната. Пред нив на ист потег се одлучил еден британски турист, па и него го стигнала истата казна.


Но, не е само славната фонтана Треви место во кое туристите со задоволство се освежуваат. Фонтана има и во подножјето на познатите шпански скали, а нејзе пак, со филмот „Празник во Рим“ ја прослави тандемот Хепберн – Пек. Се чини дека група млади Италијанци одлучиле да го „освежат“ сеќавањето на филмот снимен пред шеесеттина години. Тие се искапеле во 400 години старата фонтана, по што заминале пред да дојде полицијата, меѓутоа, самите се откриле објавувајќи фотографии на социјалните мрежи.


За жал, не страдале само фонтаните поради несовесни туристи. Пред две години, еден Русин одлучил да го „украси“ Колосеумот, па на него ја изрезбал буквата „К“. Јасно, веднаш бил уапсен, осуден на 4 месеци затвор и висока парична казна.


Во секој случај, ако одите во Рим, бидете нормални, уживајте во убавината на главниот град на Италија и заборавете на пливање во фонтаните и уништување на спомениците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг