Сите јапонски лудости, или подобро кажано глупости, на едно место: Од музеј на паразити, до песна за пенкало, јаболко и ананас!

Точка

04/01/2017

12:41

4.328

Големина на фонт

а а а

Јапонија има репутација на исклучително конзервативна земја, но се чини дека токму таму многу често се случуваат сосема невообичаени нешта.

Јапонците може да ги наречете добавувачи на сè што може да се нарече лудо – од неверојатни реклами и “заразни” песни, до баби кои танцуваат во кимоно и мачки со шешири од сопственото крзно... Токму затоа, Јапонија поради многу причини е истовремено и најдоброто, но и најлошото место на Земјата.


Во Јапонија исклучително многу ги сакаат бањите. И забавните паркови. И токму поради тоа градоначалникот на градот Бепу (град познат по своите термални извори) вети дека ќе отвори поинаков забавен парк којшто ќе биде искомбиниран со спа-третмани. Но под еден услов: ако видео записот со ветувањето достигне еден милион прегледи. Досега филмот е погледнат повеќе од два милиони пати, па градоначалникот и самиот потврди дека ќе го изгради ваквиот невообичаен спа-забавен парк.



А ако овој забавен парк сепак не биде отворен, може да отидете во спа-хотелот во префектурата Канагава и да се избањате во базен исполнет со црно вино. Совршено! Или сепак не?


Јапонците можеби имаат репутација на дискретни луѓе, но понекогаш тие не размислуваат два пати пред да направат некакви невообичаени нешта. Па така, овие баби танцуваат во кимоно, на песната 24K Magic од Бруно Марс...



За новогодишните празници мрежата од пицерии “Доминос” планираше да доставува пици со ирваси. Компанијата тврдеше дека тоа не е само добар рекламен трик, туку и практично решение. Движењето со ирваси по снегот е побрзо и поудобно отколку тоа да се прави со велосипед. И Јапонија секако би станала уште подобра земја ако “Доминос” не се откажеше од оваа идеја. Како што се испоставило, ирвасите не сакале да научат да испорачуваат пица...



Во Јапонија има и многу музеи со невообичаени теми. На пример, до минатата година во малиот град Фуџихара постоел музеј на секс-роботи во којшто немало никакви роботи...

И музеј на камења коишто личат на човечки лица...

. これがその石さん達なんですが . . .

A photo posted by ちぱる / Chiparu (@chiparu125) on


И музеј на тестенини!

we had a really good time drawing ducks onto our ramen cups 🐥#MRCTtravels

A photo posted by ri (@ritashenn) on


Во Токио пак се наоѓа и музејот на паразити и во него се прикажуваат сите одвратни суштества коишто може да живеат во организмот на човекот, после само едно гризнување на сирова риба...



Во Јапонија постои и единствена на светот туристичка агенција за плишани играчки. Вашата играчка може да ги посети Париз, Токио или Сингапур во друштво на своите плишани роднини за само 36.5 евра...

#Paris #eiffeltower #eiffel #bonjour #drawing #unagitravel

A photo posted by Unagi Travel (@unagitravel) on


Секако, Јапонците се големи љубители на роботите. Но дури и тие може да бидат многу симпатични.

Ова е малиот робот на компанијата “Toyota” којшто ги чита емоциите и се интересира како сте.



А ова е Саја – компјутерска ученичка којашто изгледа толку реално што корисниците на друштвените мрежи не можеле да ја разликуваат од вистинска девојка.



Јапонија има и посебен однос кон животните. Тука се отвараат локали со мачки и ежови коишто живат таму, кучињата имаат свои Instagram профили, а желките се шетаат по улица. Но, главни миленици на интернет мрежата станаа јапонските кучиња Акита Ину и Шиба Ину.

На пример, ова куче работи како продавач во еден киоск...



Меѓутоа, во Јапонија постојат и нешта коишто се за нас непоимливи. На пример, како е можно на Јапонците да не им здосади досадната “заразна” песна на комичарот Пико Таро, за пенкало, јаболко и ананас?



А посебна точка е потполно лудата јапонска реклама. И таа отсекогаш била таква.
Ова е една класична реклама за тестенини во којашто популарниот американски пејач Џејмс Браун игра во сина наметка. А во позадина свири јапонската верзија на неговата “Секс машина”.



A ова е една 10-минутна колекција од јапонски реклами со Арнолд Шварценегер во главната улога.



Современите реклами секако не заостануваат зад оние од пред две децении. А ова е секако една од нив...



Многу прашања поставува и јапонската храна. Овде постои и чуден вид на специјалитети – на пример омлет со точки...



Храната понекогаш има и застрашувачки изглед – ова е чорба од карфиол и црвена зелка, брокули, компири и габи којашто се нарекува “вештеркинo тенџере”.




Спонозорирани линкови

Маркетинг