Ова семејство живее во арктичкиот круг од 2013 година во куќа која ја изградиле под соларна геодетска купола

Точка

03/01/2017

19:15

11.252

Големина на фонт

а а а

„Hjertefølger“ значи следбеник на норвешки јазик, а семејството Хјертефелгер се држат до своето презиме. Впрочем, потребен е многу посебен вид на сила кој ќе ве натера да се преселите во оддалечен дел од арктичкиот круг, но токму тоа е она што го направило ова шестчлено семејство во декември 2013 година.

Тие изградиле соларна геодетска купола на три ката и со пет спални соби на норвешкиот остров Сaндхорнеја кој се наоѓа повеќе од 1000 километри северно од Осло. За оние кои не знаат, геодетската купола е делумно сферична структура составена од комплексна мрежа на триаголници. Нивната купола е направена од различни органски материјали вклучувајќи песок, вода и глина, а формата држи топлина додека го заштитува семејството од силнтие ветрови и обилните врнежи на снег карактеристични за регионот. Куполата исто така нуди панорамски поглед на околната недопрена дивина, а исто така му овозможува на семејството прекрасни глетки на годишната поларна светлина.

„Чувството кое го имаме кога ќе влеземе во куќата е сосема поразлично од влегувањето во било која друга куќа“, рекла Ингрид Хјертефелгер, пишува порталот „Bored Panda”. „Атмосферата е уникатна. Во куќата има некоја посебна смиреност, речиси можам да ја слушнам тишината“. Тоа е наградата за тоа што го следеле своето срце.

Семејството Хјертефелгер живее во оваа соларна геодетска купола која се наоѓа на островот Сaндхорнеја во северна Норвешка.


Ова шестчлено семејство само ја изградило куполата користејќи различни органски материјали како песок, вода и глина.


Куполата има три ката, пет спални соби и две бањи.


Исто така, има затворена градина каде што семејството Хјертефелгер одгледува овошје и зеленчук како кајсии, грозје, киви, сливи и краставици.


Нивната искористена вода повторно се користи за оплодување на растенијата. Семејството исто така прави ѓубриво од храната и користи чисти биоразградливи производи за домаќинство.


„Чувството кое го имаме кога ќе влеземе во куќата е сосема поразлично од влегувањето во било која друга куќа“, рекла Ингрид Хјертефелгер.


Куполата нуди панорамски поглед на околната недопрена дивина, а исто така му овозможува на семејството прекрасна глетка на годишната поларна светлина.


„Атмосферата е уникатна. Во куќата има некоја посебна смиреност, речиси можам да ја слушнам тишината“.


Семејството Хјертефелгер планира да одржи работилници, часови, тури и настапи во нивната еко-пријателска природна куќа.


Тие исто така се надеваат дека ќе изградат дополнителни кабини за јога и летни кампови.





Спонозорирани линкови

Маркетинг