Ова е вистината за тоа што мажите очекуваат од вас во кревет

Точка

30/12/2016

21:00

9374

Големина на фонт

а а а

Иако жените им приговараат на партнерите кога гледаат порно филмови, тоа не значи дека мислат дека партнерите на тој начин ги изневеруваат, туку тоа им пречи затоа што мислат дека не можат да се натпреваруваат со порно актерките во кревет.

Идејата дека некои жени мораат да се натпреваруваат со порно актерки е сосема неразбирлива. За порно актерките тоа е само работа, тие се професионални во таа работа како што лекарите се професионалци во својата работа.

Повеќето мажи се свесни за фактот дека порно филмовите му припаѓаат на жанрот фантазија, а не на домументарци. Затоа девојките би требало да престанат да се споредуваат со порно актерки, затоа што тоа не го прават ниту нивните партнери.


Доколку вашиот партнер гледа порно филмови, тоа не значи дека сега од вас очекува повеќе, туку мажите едноставно сакаат да гледаат филмови за возрасни, така учат нешто ново, некоја нова поза која ќе го зачини вашиот сексуален живот. Можеби немате „совршено“ тело како порно актерките, но таквите работи на вистинскиот маж не му паѓаат на памет да ги споредува. Доколку вашиот партнер е зрел, тогаш нема да прави таква споредба, ниту ќе биде помалку задоволен од вас.

Доколку сте параноични и мислите дека вашиот партнер мисли на некоја друга жена за време на сексот, како го знаете тоа? Дали ве нарекува со друго име? Жените кои имаат помалку самодоверба се склони кон такво размислување, иако тоа не е точно, истакнуваат мажите. Доколку тој чувствува страст кон вас, тогаш сигурно не е така. Фантазиите не се реалност. Обидете се да поработите на вашата самодоверба доколку го имате овој проблем.


Вашите партнери секој ден се опкружени со други женски тела каде и да се наоѓаат, но вие мора да сфатите дека не се сите жени како вас, вие сте неговата страст, вие му го давате она што и двајцата го сакате – затоа е со вас.


Спонозорирани линкови

Маркетинг