Британците се „луди" по германските автомобили!

Точка

30/12/2016

18:00

4.504

Големина на фонт

а а а

Британците се сметаат за една од „најавтомобилските“ нации и за производителите на автомобили од голема важност е британскиот пазар.

Голем број на автомобилски брендови потекнуваат од Островот, многу светски производители имаат фабрики ширум Британија, повеќето Формула 1 тимови (вклучувајќи ги Мерцедес и Рено) се стационирани во околината на Лондон, а Британците трошат стотици милиони фунти годишно на автомобили.

Еден од водечките сајтови за купопродажба на нови и половни автомобили „Ауто Трејдер“ кој е основан во 1975-та година ги соопшти податоците од 10-те најбарани модели меѓу 500 илјади понудени автомобили во 2016-та година.


Кога станува збор за Британија, резултатите се малку неочекувани – најголемиот број од посетителите биле заинтересирани за БМВ Серија 3, а од останатите топ 10 најбарани модели, дури 8 се од германски производители. Честа на „остатокот од светот“ го одбранија само два автомобили на Форд.

БМВ Серија 3 е најбараниот автомобил на „Ауто Трејдер“ во последните шест години, додека Голф на Фолксваген е на листата со најбарани автомобили веќе осма година по ред.


Сепак, според предвидувањата на првите луѓе на „Ауто Трејдер“, се очекува дека ваквиот тренд во идните години ќе се промени, со оглед на тоа што растела заинтересираноста на Британците за електричните автомобили.

Ова се 10-те најбарани автомобили во Велика Британија: БМВ Серија 3, Фолксваген Голф, Мерцедес Ц Класа, Форд Фокус, БМВ Серија 5, БМВ Серија 1, Форд Фиеста, Ауди А3, Мерцедес Е Класа и Опел Астра.


Спонозорирани линкови

Маркетинг