Улици од камен, огромни бранови, пита од овошје: Најпосакуваната дестинација за 2017 година!

Точка

30/12/2016

17:50

9.944

Големина на фонт

а а а

Создадена за авантуристи! Обрнете внимание за оваа дестинација која во годината што следува ќе биде избор број еден.

Исланд беше популарна дестинација во 2016 година, Тајланд една година претходно, а 2017 година ќе биде година во која сите ќе сакаат да ја посетат Португалија.

Португалија се појавува на повеќе листи ширум светот како најдобра дестинација за 2017 година, и тоа поради неколку причини. Топлото време, прекрасните плажи, градовите со историја и пристојните цени ја прават оваа земја избор број еден.


Делови од Лисабон, престолнината на Португалија, постојат од 9 век. Можете да шетате по средновековните улици, а потоа да се упатите кон тврдината Свети Ѓорѓи (Castelo Sao Jorge). Градскиот врв „Муриш“ нуди спектакуларен поглед, а влезницата е околу 10 евра.


Во близина на пристаништето кај одмаралиштето „Белата куќа“, се наоѓаат некои од лисабонските најважни споменици и музеи, како и многу кафулиња кои продаваат уникатни португалски пити со овошје.

Некои од старите трамваи во градот „јуреле“ по улиците и во времето на Втората светска војна, а картата чини околу три евра.


Познатото крајбрежје на Португалија е голема атракција. Огромни бранови на Назару за оние кои сакаат да сурфаат, но и кристално чиста и мирна вода на Лагос, за оние кои сакаат да се опуштат.

Вториот најголем град во Португалија е Порто, кој се наоѓа на северот од земјата.


Од храната, на локалното население омилена му е „франчесина“, нешто како сендвич со колбас, шунка, топено сирење и лут домат, со сос од пиво.


Самиот град има средновековен центар со камени улици и позлатени резбарии. Тоа е всушност лавиринт, но ако ја следите реката, нема да залутате.



Спонозорирани линкови

Маркетинг