Бред Пит повеќе нема да молчи и со изјавата за Анџелина ги „запали” медиумите: „Која добра мајка би им го направила тоа на децата?”

Точка

24/12/2016

12:51

22927

Големина на фонт

а а а

На Бред Пит се чини дека му е доста од сè, па одлучил да возврати на нападите од актерката.

Откако е објавено дека Анџелина Џоли и Бред Пит се разведуваат, ниеден од нив двајца не зборуваше јавно за она што се случува. Меѓутоа, славниот актер одлучил да ја прекине тишината... и ги шокираше фановите нарекувајќи ја Џоли лоша мајка, пишува порталот „Story”.

Иако самите не се огласуваа, се чини дека речиси секој детал од разводот на најпознатиот холивудски пар е добро познат, вклучувајќи го и наводниот физички напад на Бред Пит на синот Медокс.


Актерот наводно под влијание на алкохол во текот на летото се расправал со неговиот најстар син и го нападнал, а Анџелина токму поради овој настан побарала развод и побарала Бред Пит редовно да се тестира на наркотици за да може да ги гледа децата. Значи, тоа беше причината поради која Анџелина Џоли доби „целосно физичко старателство“ над шесте деца кои ги добија таа и Бред Пит во текот на нивната 12-годишна врска.

Многумина шпекулираа дека зад сите медиумски натписи за нивниот конфликт стои Анџелина, која наводно го обвинува Бред за децата засекогаш да и` припаднат нејзе и да може да се пресели во Лондон, каде што ја чека политичка кариера.

Сè досега актерот мудро молчеше. Сепак, се чини дека на Бред му е доста од сè, па на суд упатил писмо за кое денес зборува целиот свет!


Имено, Бред во писмото кое во судот го доставил неговиот адвокат, побарал случајот Џоли – Пит да се запечати и ниеден детал од бракоразводната парница и расправата за старателство да не може да се најде во јавноста.

„Џоли очигледно нема никаков механизам за самоконтрола кој би спречил чувствителните информации да стигнат до насловните страници. Таа не сфаќа дека двајцата родители се славни личности и дека изнесувањето на „валканата облека“ во јавност не само што ги понижува шесте деца, туку ги доведува и во опасност“, напишал Бред Пит.

„Која добра мајка би ги изложила на тоа своите деца?“, се запрашал Пит.


Спонозорирани линкови

Маркетинг