Изложба на уникатни парчиња мебел од брендот „PArt accent“ во Концепт 37

Точка

23/12/2016

16:50

1.262

Големина на фонт

а а а

На 25 декември (недела) со почеток во 20 часот во арт-кафето „Концепт 37“ брендот „PArt accent“ за првпат ќе се претстави со своите уникатни рачно работени дизајни наменети за домот.

На оваа предновогодишна промотивна изложба дизајнерскиот тим со секое парче раскажува единствена приказна која се води од една единствена мисла, а тоа е грижата за секој детал, кој го прави производот посебен и уникатен.


PArt accent оддалечува од конвенционалните и типични парчиња мебел и внесува во светот на дизајнот со необичните и уникатни рачно работени дизајнерски парчиња од кои ќе застанува здивот.


Тие се релативно нов отворен продажен простор со уникатни и рачно изработени парчиња мебел, а во својата палета имаат маси, софи, фотељи, ламби, закачалки итн. Уникатните дизајнерски парчиња се произведени од природни материјали - масивно дрво, челик, месинг, стакло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг