Сега е и официјално: Пристигнува трето продолжение на филмот „Сексот и градот“

Точка

23/12/2016

15:00

6.557

Големина на фонт

а а а

Модата, коктелите и сексот повторно ќе завладеат на големото платно.

Омилената четворка се враќа на големото платно! Како го знаеме тоа? Така што порталот „Radar Online” ексклузивно ја пренесе веста дека конечно официјално е потпишан договор за снимање на трето продолжение на филмот „Сексот и градот“.

Договорот го потпишале сите четири актерки Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон, Кристин Дејвис и Ким Катрал, но потписот на Сара Џесика за малку ќе изостанел.


„Сара Џесика за малку немаше да го потпише договорот, бидејќи не беше задоволна од сценариото и од тоа во која насока се развива нејзиниот лик. Не и` се допаѓа идејата ликовите да се претставуваат во многу позрело светло. Но, пронајден е компромис“, открил непознат извор.

Снимањето на филмот би требало да почне на почетокот од летото следната година, но сите останати детали се` уште не се познати.

За потсетување, популарната серија заврши после шестата сезона, а двете филмски продолженија кои следуваа потоа, ги оставија обожавателите целосно разочарани. Главните актерки после нив долго време ја одбивале можноста за трето продолжение, но се чини дека сепак, на крајот попуштиле.


Дали причината за тоа е носталгија по старите добри времиња или парите, не знаеме, но се радуваме на нивната повторна средба, бидејќи сепак, пораснавме со нивните авантури.


Спонозорирани линкови

Маркетинг