По Црна Гора и Романија, EXIT тимот стартува нов фестивал и во Хрватска!

Точка

14/12/2016

15:28

1741

Големина на фонт

а а а

По повеќегодишниот ангажман за регионално поврзување, како и успешните фестивали во Црна Гора и Романија, EXIT тимот следното лето стигнува и во Истра!

Тимот кој стои зад четири награди за најдобри европски фестивали, следната година ќе поврзе четири фестивали во регионот во единственото EXIT Лето на љубовта 2017, а во големата новогодишна акција „1 влезница = 4 фестивали“, со купена влезница за EXIT, влезниците за останатите три фестивали стигнуваат на подарок!

Прв во низата фестивали е Sea Star, новиот фестивал во Истра кој на 26-ти и 27-ми мај ќе се одржи во туристичкиот комплекс во Умаг - Stella Maris! Веќе е познат дел од програмата на главната бина која првата ноќ ја предводи еден од најпопуларните светски бендови The Prodigy во рамки на турнејата во која годинава го одржаа еден од најдобрите концерти на EXIT досега, а потврдени се и милениците на регионалната публика култните Dubioza kolektiv, како и истарските домаќини Urban&4. Новиот фестивалски бисер на Медитеранот ќе претстави неколку десетици најзначајни имиња од светската и регионалната музичка сцена на шест различни бини, а покрај двата главни фестивалски дена посетителите во туристичкиот комплекс Stella Maris ги очекува и големата журка за загревање во четврток, 25-ти мај, како и журка за оние најиздржливите во недела, 27-ми мај!

Следниот фестивал во низата, романскиот Revolution фестивал, номиниран е дури во две категории за Европските фестивалски награди, за Најдобар нов и Најдобар мал фестивал во 2016 година. Третото по ред издание на фестивалот во Темишвар ќе ги отвори своите капии на 2-ри и 3-ти јуни и како и претходните години ќе ги претстави музичарите од целиот свет, а првите најави на изведувачите се очекуваат после празниците.



Веднаш по EXIT фестивалот кој се одржува од 6-ти до 9-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, EXIT Авантурата како и претходните години продолжува со ново, веќе четврто издание на Sea Dance фестивалот кој следната година ќе се одржи од 13-ти до 15-ти јули!


Новото издание ќе донесе бројни иновации во продукцијата и промоцијата, а EXIT тимот за следната година ги здружи силите со водечките продуценти од Ибица и Велика Британија заслужни за популарните фестивали како што се Annie Mac presents Lost and Found од Малта, Hideout на Зрќе, британскиот Parklife и култниот The Warehouse Project во Манчестер. Во Будва доаѓа и дел од тимот на Kendal Calling кој е всушност прогласен за еден од најдобрите британски фестивали во категоријата до 40.000 посетители! На настаните кои овој тим ги работи во Шпанија, Малта и Хрватска, годишно патуваат преку 30.000 посетители само од Велика Британија, но и неколку десетици илјади туристи од целиот свет.


По овој повод, EXIT денеска ја покренува и најголемата новогодишна акција од своето постоење! Само за време на претстојните празници, во акцијата „1 влезница = 4 фестивали“, сите веќе постоечки и идни купувачи на влезниците за EXIT фестивал по цена од 3.580 денари, добиваат на подарок и влезници за преостанатите три фестивали на EXIT Лето на љубовта 2017, за Sea Star фестивал во Хрватска (26-ти и 27-ми мај), Revolution фестивалот во Романија (2-ри и 3-ти јуни), како и Sea Dance фестивалот во Црна Гора (13-ти и 15-ти јули). Бројот на влезниците во оваа акција е многу ограничен, а сите купувачи, веќе постоечките и идните, своите EXIT влезници ќе можат лесно да ги регистрираат од 1-ви до 28-ми февруари на сајтот www.exitfest.org. Влезниците за EXIT новогодишната акција достапни се преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

Во продажба се и многу ограничен број на туристички пакети за EXIT фестивал, веќе од 69 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на Exit Trip, официјалната туристичка агенција на Exit Авантурата, може да се одбере и друг вид сместување, во хостели или апартмани. Од 20-ти декември во продажба ќе бидат и многу ограничен број на пакети за Sea Star Festival. По цена од веќе 49 евра посетителите ќе имаат можност да резервираат шест ноќевања во кампот на Sea Star фестивалот, како и влезница, а во понудата ќе бидат и сместувањата во апартамни во рамки на фестивалскиот комплекс со цена од 9.99 евра по ноќевање за едно лице. Повеќе информации на www.exittrip.org.

Духот на Летото на љубовта 1967. го поврзува регионот!

Сите четири фестивали во организација на тимот на EXIT, следната година прославуваат 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност.


Како единствен современ музички фестивал кој настана од борбата за општествени промени и чија мисија е поврзување и регионална соработка, EXIT на овој начин сака да ја зачува основната идеја од која настанаа и првите големи музички фестивали, уште кон крајот на шеесетите години на минатиот век, како Woodstock, Monterey и други, како и да ги пренесе пораките на тогашното движење кои на денешниот свет му се потребни повеќе од било кога.


Спонозорирани линкови

Маркетинг