Тоа што разменија убави зборови не значи ништо: Еве како Трамп и Путин можат да пронајдат заеднички интереси

Точка

06/12/2016

17:00

3.306

Големина на фонт

а а а

Соединетите Америкаски Држави треба да ја третираат Русија како суперсила со свои легитимни интереси, но истовремено таа мора да ја спречи тие интереси да не ги остварува со нелегитимни средства.

Додека насловите за новата Студена војна ги исполнуваат светските медиуми кои што се во исчекување да видат што ќе се случи кога Доналд Трамп ќе влезе во Белата куќа, политиката на официјален Вашингтон и натаму останува непроменета.

Она што, меѓуоа, експертите на Стејт Департментот всушност треба да го прават е да постават нови рамки во американско-руските односи така што ќе ги препознаат вистинските проблеми и истите да се решаваат во догледен период, наместо да се поттикнува менталитетот од Студената војна кој што е присутен на двете страни, а „натпреварувањето“ помеѓу двете сили да трае вечно.

Од почетокот на украинската криза во 2014-та година, односите помеѓу САД и Русија паднаа на многу ниско ниво. Сепак, моменталната ситуација не може да се спореди со Студената војна пред се затоа што нема идеолошки конфликт кој го поларизира светот.


Моменталните тензии на линија Вашингтон – Москва почиваат пред се на геополитичките конфликти и интереси. За тоа да се поправи, нема да биде доволна взаемната наклонетост помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, туку ќе треба да се пронајдат точки на согласување од кои што ќе треба да се тргне кон почувствителни прашања.

Нуклеарниот договор со Иран можеби е најдобриот пример за тоа што можат овие две глобални сили да направат кога ќе одлучат меѓусебно да соработуваат, и дека дури и кога преговорите минуваат низ тешка фаза, другите сегменти од односите не мора да трпат.

Во текот на следната година, сириската војна и неопходноста да се сопре патењето на сирискиот народ, додека истовремено се води борба против тероризмот ќе постават пред Трамп и Путин сериозни предизвци, тие сепак на двете супер сили ќе им дадат прилика за конструктивни акции засновани на паралелни интереси.

Фактот дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави изјави дека американските сили треба да се сконцентрираат кон уништување на Исламската држава, а не на соборување на Башар Ал Асад од власт, влева надеж дека токму овој простор за соработка помеѓу САД и Русија конечно ќе биде искористен.


Таму каде што интересите на двете земји се спротиставени, или каде што однесувањето на едната страна е неприфатливо, треба транспарентно да и даде до знаење на другата страна дека таквата политика поставува граница за унапредувањето на односите.

Еден од најдобрите тестови за ваквиот пристап ќе претставуваат преговорите околу ограничувањето на нуклеарниот арсенал, а тие преговори многу лесно можат да ја направат „новата Студена војна“ далеку поинаква од „оригиналната“.

Според експертите, пред се Соединетите Американски Држави треба да ја третираат Русија (и обратно) како суперсила со свои легитимни интереси и мора да ја спречи тие свои интереси да не ги остварува со некакви нелегитимни средства.

За да дојде то тоа, Западот ќе мора да се обврзе на неутралност околу ситуацијата за Украина, а Русија од друга страна ќе мора да сопре да ги поддржува вооружените бунтовници кои што оперираат на истокот на земјата. Дури тогаш може да се очекува враќање на Русија во Г8 и воспоставување на ефикасна соработка помеѓу двете најголеми глобални суперсили.


Спонозорирани линкови

Маркетинг