Tesla S повторно ги пробива границите: 0-96 km/h за 2.4 секунди!

Точка

17/11/2016

13:19

10004

Големина на фонт

а а а

Илон Маск никогаш не мирува! Првиот човек на Tesla Motors најави дека новото софтверско ажурирање ќе овозможи моделот S P100D од 0 до 96 километри на час (0-60 милји на час) да забрза за само 2.4 секунди.

Во меѓувреме поминаа нешто помалку од две години откако Tesla го лансираше Model S P85D со таканаречениот “лудило” режим на работа, којшто на овој автомобил му овозможуваше фантастични перформанси – од состојба на мирување до брзина од 96 километри на час тој стигаше за само 3.2 секунди.

Сите коишто тогаш имаа ексклузивна можност да го искусат ваквото забрзување во тест возење, во најмала рака останаа запрепастени.


Меѓутоа, тоа било само почеток на целата приказна. Само половина година подоцна, кон средината на 2015-та година, Маск претстави уште побрз модел – Model S P90D, којшто постигнуваше брзина од 96 километри на час за само 2.8 секунди. Се чинеше дека врвот е достигнат токму изминатово лето, кога беше лансиран Model S P100D, којшто овој временски интервал го скрати на 2.5 секунди.

Сепак, само три месеци подоцна, Маск на сопствениците на овој модел им приреди ново изненадување.

За месец декември, оваа година, Маск најави ажурирање на софтверот со коешто времето поребно за оваа електрична лимузина да достигне брзина од 96 километри на час ќе биде спуштено на неверојатни 2.4 секунди!

Исто така, ќе биде подобрен и резултатот при забрзување во правец на должина од 400 метри (четврт милја). Тој сега ќе изнесува 10.6 секунди.



Маск изјавил дека овие унапредувања ќе претставуваат специјален подарок и бонус, покрај сите други подобрувања коишто ќе ги искуси возачот на Model S кога софтверот ќе биде имплементиран.

Tesla Model S P100D со претходниот резултат од 2.5 секунди веќе успеа да застане рамо до рамо со најбрзите современи суперспортски автомобили како што се Bugatti Veyron Super Sport, Ferrari LaFerrari или Porsche 918 Spyder, а сега ќе биде и уште поубедлив кога ќе застане на стартната линија покрај овие великани.



Првиот човек на Tesla соопшти и дека истото софтверско подобрување ќе биде применето и на кросовер моделот – Model X P100D, којшто благодарение на направеното ажурирање од 0 до 96 километри на час ќе стига за 2.8 секунди (претходниот резултат изнесуваше 2.9 секунди).


Спонозорирани линкови

Маркетинг