Сосема неочекувано! Променет е изгледот на познатото чоколадо, намалено е и пакувањето, а цената – иста!

Точка

09/11/2016

13:08

5623

Големина на фонт

а а а

Популарниот производ Toblerone којшто е изработен од швајцарско чоколадо, мед и нугат од бадеми, доби сосема нов променет изглед.

Компанијата Mondelēz International, Inc. којашто го произведува познатото чоколадо Toblerone, овојпат се решила за еден сосема неочекуван потег изменувајќи го изгледот на својот исклучително популарен производ. Некогашниот триаголен облик на вкусниот десерт којшто ги симболизира планинските врвови сега го раздвојуваат рамни делови, поради што должината на чоколадите останува иста, иако тежината на производот е сепак намалена.


Колку за пример, пакувањето од 400 грама е намалено на 360, додека она од 170 грама е намалено на 150. Но, овие производи засега се достапни само во Велика Британија.

- Toblerone останува еден од нашите најценети и најлуксузни производи од швајцарско чоколадо на пазарот. Секогаш внимателно работиме на случајот како би понудиле исклучиво само висок квалитет во замена за парите на купувачите, но исто како и другите компании, во овој момент имаме поголеми трошоци за бројните состојки. Токму поради тоа, како би се осигурале дека Toblerone ќе остане во продавниците, токму со својот познат триаголен облик, а сепак и понатаму да биде пристапен за купувачите, моравме да ја намалиме тежината кај два наши производа коишто засега се продаваат само во Велика Британија, стои во службениот одговор на компанијата.





Иако намалувањето на тежината на производот, на сметка на задржаната цена, не е неочекувана пракса во светот, па ниту во Македонија, вљубениците во култното Toblerone се збунети зошто производителот не се одлучил на опцијата да скрати од должината на производот, наместо да го менува обликот.


Дали сте знаеле?

Брендот Toblerone потекнува од Берн, а на својот логотип има силуета од мечка со оглед на фактот дека овој швајцарски град некогаш се нарекувал град на мечките.



Спонозорирани линкови

Маркетинг