Биби Рекса ќе го води доделувањето на MTV EMA наградите, а веројатно не знаете дека таа ги напишала некои од вашите омилени хитови

Точка

18/10/2016

17:12

6.958

Големина на фонт

а а а

Новата поп ѕвезда Биби Рекса ќе биде водителка на доделувањето на MTV EMA наградите во 2016 година, кое ќе се одржи во Ротердам во недела на 6-ти ноември.

Биби во оваа прилика ќе го има и својот прв EMA настап и ќе изведе некои од своите хитови, вклучувајќи го и актуелниот денс сингл “In The Name Of Love” кој го изведува во соработка со популарниот диџеј Мартин Герикс.

Покрај приликата да го води и да настапува на доделувањето на овие награди, пејачката од Бруклин со албанско потекло може да стане и добитничка на MTV награда, со оглед на тоа што е номинирана во две категории – за најдобар нов изведувач и за најдобар MTV PUSH уметник.


Биби има само 27 години, веќе долго време е во светската музичка индустрија, но дури неодамна го привлече вниманието на пошироката јавност. Таа е родена во Њујорк, а нејзините родители се Албанци од Македонија. Нејзиното вистинско име е Блета Рекса.

Таа го има напишано еден од најголемите хитови на Ријана, песната „The Monster” која пејачката ја изведе со раперот Еминем. Исто така, Биби ги има напишано песните "Like a Champion" на Селена Гомез, "Team" на Иги Азелија, "Under You" на Ник Џонас и многу други.



За најдобар регионален изведувач на MTV EMA се номинирани С.А.Р.С., Елементал, Siddhartа, Луце и Тони Зен. Засега потврдено е дека на доделувањето ќе настапуваат Бруно Марс, Шон Мендес, DNCE, Лукас Грејем и Зара Ларсон.

Директниот пренос на доделувањето на MTV EMA наградите ќе можете да го следите на MTV каналот на 6-ти ноември во 20:00 часот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг