Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, DUNA Events: Кога организацијата на настани ќе ја ставите во рацете на професионалци

Точка

22/09/2016

10:26

16527

Големина на фонт

а а а

Во интервјуто што следува поразговаравме со Ева и Љубица, првите луѓе на DUNA Events и за Точка ја кажаа тајната состојка за организација на добар и успешен настан.

Конференции, конгреси, корпоративни случувања, свечености на отворено... Комплетна организација на настани оставена во рацете на професионалци, поткрепена од долгогодишна експертиза и со врвна опрема, од концепт до реализација, по принципот “клуч на рака”... И повеќе од доволен повод за разговор со Ева Пајковска и Љубица Б.Лазаревска, првите луѓе на тимот на ДУНА Настани (DUNA Events), сектор за организација на настани во рамките на ДУНА Компјутери.

Вообичаено септември не е само месец кога работната рутина се враќа во нормала, туку и период кога се планираат и се реализираат голем број на корпоративни настани, приватни свечености и слично. Се чувствува ли таа раздвиженост и кај вас, како една од компаниите на врвот при изборот на професионален партнер за организација на настани?

Пајковска: Нашето искуство покажува дека септември, како и октомври, се месеците кога има пик во планирањето и организацијата на настани од било каков карактер, без оглед дали станува збор на случувања кои што ги организараат компаниите или за приватни пригодни свечености. Ја чувствуваме таа раздвиженост, ја очекувавме и комплетно сме подготвени да одговориме на сите предизвици.

Лазаревска: Велиме предизвици, затоа што клиентите знаат што сакаат да добијат од компанијата која што го организира настанот. Затоа што очекувањата на клентите се најважни ние нудиме врвна и професионална услуга. Нашите клиенти се задоволни гости на сопствениот настан!


Како што можеме да забележиме, во фаза сте на реструктуирање и ребрендирање од она што беше ДУНА Конгрес во ДУНА Настани?

Пајковска: Иако нашиот тим веќе одамна ги имаше надминато рамките што во себе ги носеше името ДУНА Конгрес (организирањето на професионални настани: конгреси и семинари за институции, невладини организации, самити и слично) сега некако почувствувавме дека треба да додадеме дополнителна вредност на нашите сервиси и за најширок спектар на услуги и клиенти, па затоа и се преименувавме во ДУНА Настани. Кај нас важи правилото: нема мали и големи клиенти- има професионално и непрофесионално организиран настан.

Очигледно, раздвижувањето не е само во визуелниот идентитет, туку и во структурирањето на услугите и збогатувањето на понудата. За што се работи?

Лазаревска: Секој клиент е индивидуален сам по себе, а заедничко за сите е што треба професионално да им се испорачаат очекувањата.

Традиционално најпознати сме по дистрибуција и понуда од светски најреномираниот бренд во овој сектор, Brahler ICT. Со тоа им нудиме на нашите клиенти високо софистицирани технички системи за конференции, панел дискусии или системи за толкување кои се импресивни во однос на функционалноста и дизајнот. Но сега, го зајакнавме тимот на ДУНА Настани, го зголемивме капацитетот и ја проширивме нашата услуга со нови производи, атрактивни и единствени на пазарот. Целта ни е да ја оддржиме и да ја унапредиме нашата услуга, а ДУНА Настани да остане и понатаму првиот избор кај клиентите.

Пајковска: Зборуваме за настани кои што се одржуваат не само во Македонија, туку и во регионот. Веќе сме присутни на пазарите во Србија и Албанија каде Дуна Компјутери има свои преставништва. Така да ќе не има нашироко во целиот регион.


Што тоа практично значи во секојдневната организација?

Пајковска: Покрај веќе постоечките конференциски услуги (од простор, сала, до конференциска опрема, симултан превод и цела техничка апаратура) ДУНА Настани го проширува спектарот на услуги, со вклучување на висока технолошка опрема при организацијата на настаните. Тоа се добропознатите брендови како Apple, Bang & Olufsen, Garmin, RICOH, интерактивни табли iBoard, мултимедијални системи и други smart системи кои што на еден настан му ја даваат квалификацијата– врвен!

Пионери сте и во организацијата на случувања на отворено, особено со препознатливите шатори...

Лазаревска: Кога зборуваме за настани на отворен простор, шаторите се неизбежениот елемент, затоа што се актуелни во текот на целата година. Ние тесно соработуваме со канадскиот бренд на шатори Tеntnology кои се симбол за врвен дизајн, квалитет и со широк опсег на можности за поврзување во форми и капацитет. Изгледаат елегантно, претставително и се неверојатно практични за да штитат од надворешните влијанија. Tentology се идеално решение за секаков тип на настан, со опции да бидат и од отворен и од затворен тип, со сигурна заштита од сонце, дожд, ветер и други временски прилики. Сите овие карактеристики Tеntnology шаторите ги прават задолжителен избор, за што сведочат искуствата со многубројните задоволни клиенти: амбасади, институции, компании, а неизбежни се на свадби и приватни забави.


Во последниот период започнавте и со пакет понуди. Што значи тоа?

Пајковска: Новина е нашата таканаречена “пакет аранжмани” понуда за наем на опрема за настани или нивна организација по специјално адаптирани цени, во зависност од сезоната и побарувањата, што веќе предизвикува зголемен интерес и кај традиционалните клинети и кај новозаинтересираните. Конечно, идејата е за секој настан и за секоја услуга да добиете третман и квалитет каков што би го добиле во било кој дел од развиениот свет, каде што оваа индустрија е дел корпоративната култура или од приватните очекувања од она што се нарекува event management.

Знаеме дека успешните приказни се дел од вашето секојдневие мегутоа сепак запознајте не со неколку.

Пајковска: Да, секако. Многу е тешко да се одлучам но горди сме на: Семејниот ден во Дрекслермаер каде посетеноста во рок од 12те часа додека траеше настанот беше 13.000 посетители. За секое дете имаше индивидуално наменет подарок во посебно дизајнирано пакување, а детските реквизити, аниматори, жонглери, детско хорче, принцези и кловнови беа задолжени за остварување на детската фантазија. За возрасните пак, беше подготвена забава со скара, пикадо, play station, столно фудбалче, мини баскет и незаборавна латино забава. Нескојдневен настан беше настанот во Белград за нашиот клиент Алкалоид за промоција на нов лек, на кој беше присутна лекарска фела од 4 држави.

Врвна организација приредивме и за дочекот на Новата 2015 година организиарана во центарот на Скопје со звучните имиња: Ван Гог, Сарс, ДНК, Игор Џамбазов...


Компаниите и организациите веќе се навикнати на високото ниво на Вашата услуга, за што имате богато искуство. Можете ли да издвоите некои големи случувања организирани од ДУНА Настани?

Пајковска: Како последен голем и успешен проект можам да го издвојам Прославувањето на Денот на независноста на САД (4ти Јули) огранизирано од страна на Американската амбасада, како и техничка изведба за Fashion and Lifestyle Expo 2016, FMCG Summit 2016 во Скопје и други.

Веќе станува практика и организацијата на домашните, приватните забави да се остава во рацете на тимот на Вашите професионалци. Што опфаќа еден ваков ангажман?

Пајковска: Она што им го нудиме на нашите редовни и потенцијални клиенти е целосната организација на приватната прослава, свеченост, свадба, роденден… Оставено во рацете на нашиот професионален и стручен тим, тоа значи елиминирање на главоболката во организацијата и реализацијата на ваквите свечености. За нас е доволно клиентот да ни ја претстави својата идеа, а останатото е наша грижа и резултат на нашиот креативен тим.


Ја зголемувате и понудата кога се говори за свадби од соништата и родендени за најмалите. Што ДУНА Настани нуди во овој сегмент?

Лазаревска: Секако... Грижа на нашиот тим е осмислување на настаните до најситни детали за да нашиот клиент реално ја доживее својата свадба од соништата. Тоа практично би значело од пронаоѓање на соодветен простор или комбинација со шатори (комплетната декорација и осмислување на простор- избор и декорација на цвеќе и свеќи, китенки, бидермаер, балони и др.) и кетеринг, (менија, слатки и пијалоци) до изборот на музика, осветлување и озвучување.

Пајковска: Кога станува збор за детските родендени мора да нагласам дека тоа е најнапорната и најстресната подготовка но воедно и најблагодарната и најблагородната работа! Ние знаеме дека детската насмевка и среќа немаат цена и затоа правиме сè прославата на детскиот роденден да изгледа исто како од фантазиите на детето. Шеќерните маси веќе станаа вообичаени но тимот на ДУНА Настани се обиде да ги поткрене стандардите уште повисоко. Секое дете заслужува своја бајка! ДУНА Настани се најпрепознатливи по тематските родендени уредени по сценографија… Тоа се приказни кои што ја прераскажуваат детската желба: принцезите навистина постојат, диносаурусите се сегашност, а суперхероите се помеѓу нас. Овие тематски детски родендени стануваат хит меѓу најмладите, па затоа сме сконцентрирани секоја нова популарна приказна да ја преточиме во реалност на големо задоволство на децата и родителите.


Веќе ги кроите плановите заследниот период. Би посочиле ли некој поголем проект на кој што ќе работите?

Лазаревска: Моментално сме сконцентрирани на техничката подготовка на Саемот за здрав живот и спортска опрема HFW EXPO 2016 (Heath, Fitness and Wellness), се спремаме за голем настан- прослава на една Европска компанија кој што ќе се одржи вон нашите граници (на Пелопонез), овогодинешнот Виноскоп, како и Фестивалот на Млaдо Вино во Тиквеш...


За заокружување на разговорот, кои се амбициите на тимот ДУНА Настани?

Пајковска: Организаирањето на наменски корпоративни и приватни настани полека прераснува во една цела индустрија. Ние сме тука да ја одржиме амбицијата постојано да ги поткреваме стандардите што ДУНА Настани ги поставуваше во изминатиов период и горди сме што бевме пионери во воведувањето на оваа услуга која денес ја поместивме на едно исклучително високо ниво.

Лазаревска: Патем, најгорди сме што тоа е препознаено од нашите ценети клиенти, а тоа е нашата највисока цел.


Спонозорирани линкови

Маркетинг