Вистинска техно забава во петок со техно дуото Pan-Pot на Средно Водно

Точка

14/09/2016

14:44

6739

Големина на фонт

а а а

Win Music Freedom забавите ги продолжуваат во Скопје на Средно Водно со најмодерното техно дуо PAN-POT, овој петок, 16-ти септември, започнувајќи од 22 часот па се до утринските часови.

Овој берлински состав кој во 2014 година ја основа и започна да издава под своја етикета Second State, а претходно беше дел од Mobilee на Anja Schneider, за првпат ќе настапи во Македонија со свој сет. Досега ремикс нивните траки имаат направено Carl Cox, Joseph Capriati, Nicole Moudaber, Alan Fitzpatrick, а нивни најголеми нивни хитови се „Confronted” и „Captain My Captain”.



Домашна поддршка ќе бидат Бодан Јамакоски од 22.00 до 23.00 часот, веднаш по него Ана Мало до полноќ и DJ Vaso од 04.00 до 05.00 часот, а пред Pan-Pot ќе настапи и Jehonë по полноќ, која ни доаѓа од Приштина, Косово.


Билетите се во продажба низ продажната мрежа на MK Tickets, а истите може да се купат и во Излет Кафе, Кино Карпош и Радио Бар по цена од 400 денари (првите 300 карти), потоа цената е 500 денари од билет, а на врата истите ќе чинат 600 денари.


Се гледаме на овој петок, 16-ти септември на Средно Водно!



Спонозорирани линкови

Маркетинг