Целосна доминација: Џастин Бибер влезе во Гинисовата книга на рекорди!

Точка

03/09/2016

11:30

12.281

Големина на фонт

а а а

Младиот пејач Џастин Бибер (22) собори дури осум музички рекорди!

Благодарение на неговиот четврти студиски албум и целосната доминација на светските топ листи, младиот пејач влезе во Гинисовата книга на рекорди, и тоа дури во осум категории.

1. Најсимнувани песни на Спотифај, каде што песната „What Do You Mean” е симната повеќе од 30 милиони пати.

2. Освен тоа, неговиот албум е најсимнуваниот на Спотифај, а бројката е неверојатни 205 милиони пати!


3. Од декември 2015 година, Џастин Бибер бил најмногу пати на првите места на листата „Hot 100” на Билборд, а вкупно негови на таа листа биле 17 песни.

4. Џастин доби и награда за најмногу песни кои истовремено биле на првите места на листата „Hot 100”.

5. Неговите песни "Love Yourself", "Sorry" и "What Do You Mean" беа на првите три места на британската листа на синглови.


6. Секако, тој има најмногу следбеници на Твитер (повеќе од 85 милиони).

7. Исто така, Џастин Бибер има најмногу претплатници на Јутјуб, кога станува збор за музичките ѕвезди. Неговиот официјален Vevo канал има повеќе од 10 милиони следбеници.

8. Исто како и на листата „Hot 100”, така и на британската листа, истовремено неколку негови песни биле на првите места.


Спонозорирани линкови

Маркетинг