Песната од која нè полазуваат морници крие многу тажна приказна

Точка

27/08/2016

16:24

17.392

Големина на фонт

а а а

Веќе долги 12 години кога ќе ја чуеме песната „Because of you” од Кели Кларксон не` полазуваат морници или ни се насолзуваат очите. Постои нешто во таа песна. Објавена е пред 12 години, но настанала многу порано и крие навистина потресна приказна која пејачката дури неодамна ја откри.

Пејачката Кели Кларксон ја напишала оваа песна кога имала само 16 години за да го исфрли целиот бес, болка и депресија од себе. Нејзините родители се развеле кога имала само 6 години, но тоа не било најстрашното нешто. Младата Кели морала да се справи со фактот што нема да ги гледа нејзините брат и сестра кои нејзиниот татко ги одвоил од неа.



Во песната „Because of you” која, како што еднаш изјави, ја напишала само за половина час, го изразила своето разочарување и бес кои ги чувствува кон нејзиниот татко. Поради него се плаши од врзување, но не сака да плаче бидејќи тоа го потсетува на него...

Откако песната ја виде светлината на денот, таа направи толкава бура, која веднаш ја крена на првите места на светските топ листи.

Дури 11 години подоцна Кели одлучила да напише и продолжение на баладата и да ѝ даде некој среќен крај. Тоа го направи со песна која повторно ја посвети на нејзиниот татко, кој сакал да се врати во нејзиниот живот кога постигнала светски успех и заработила пари за тој да може да ги искористи.



Покрај тоа, Кели им ја посветила новата песна и на сопругот и нејзиното дете кои ѝ помогнале да ја надмине несигурноста која ѝ ја всадил нејзиниот татко уште кога била мала.


Спонозорирани линкови

Маркетинг