Интересна програма, многу коктели и вредни награди: Дојран Ечи - Се прошири

Точка

22/07/2016

16:27

4.356

Големина на фонт

а а а

29, 30 и 31 овој месец паркингот на Хотел “ГРАНИТ” ќе се претвори во “Mека на македонската музичка сцена”.

На 29 и 30 со почеток во 19 часот на MAIN STAGE поставен на самиот паркинг ќе настапуваат Игор Џамбазов, Владо Јаневски, Куку Леле, Дарио, Угро, Либеро Бенд, Бени и Нон Стоп, а пред само неколку часа потврден е настапот и на групата ДНК.


Ечиме Медиа не заборавија и на најмладата и мегапопуларна Мартија Станојковиќ која ја освои балканската публика преку шоуто “Пинкови ѕвездички” и го освои второто место. Дванаесет годишната Мартија ќе може да ја чуете во сабота на главната сцена пред настапот на Владо Јаневски.

Покрај случувањата на главната сцена организаторите ЕЧИМЕ МЕДИА ни открија и за другите два стејџа кои ќе бидат поставени од спротива на паркингот на Хотелот “Гранит” на плажата “Св. Никола”. На DANCE STAGE во петок и сабота од 23:00 часот па се до раните утрински часови ќе ги затекнете Dj Guardian, Dj Nixx, Dj D.J., DJ Gotezth, Dj Zoki Poki, DJ Mats и како специјален гостин во петок Mr. Spyros (Greece), и Pavle Vasiljevic (www.artefactrecords.co.uk) во сабота. Покрај Dance Stage на истата плажа ќе има и RADIO STAGE кој ќе ни пренесува дневна радио програма предводена од незаменливиот Марко Новески (Марко Дај Побрзај) и добро добро познатиот Угро. Ќе има интересна денска програма, многу коктели, многу игри со натпреварувачки и пијачки дух, а исто многу важно е дека ќе се додеуваат и доста вредни награди. Еве да отркиеме, некои од наградите се патувања на Крф, Белград, Паралија, овозможени од единствените Balkan Fun.


Карти во предпродажба по цена од 400 денари со вклучен ваучер (за пијачка и јадење) на сите продажни места во мрежата на http://www.kupikartizase.com/. За повеќе информации следете нè на https://www.facebook.com/DojranECI/?fref=ts.

Па да резимираме и да резервираме, 29, 30 и 31 точно пред празник, ЕЧИМЕ МЕДИА ни ја загарантираа најдобрата журка за ова лето. Ваше е да си набавите карти и да дојдете заедно да ЕЧИМЕ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг