Прв ден на Exit: Магичен огномет и Ели Голдинг за официјален почеток на спектакуларниот фестивал

Точка

08/07/2016

12:14

2519

Големина на фонт

а а а

Првата вечер на фестивалот Exit ја одбележаа величенствен огномет и Ели Голдинг и бендот "Bastille" кои ја започнаа магијата која ќе се одвива во наредните четири дена.

Како и секоја година, овој визуелен спектакл предизвика воодушевување кај присутните, а непосредно откако заврши светкавото шоу на небото, на сцена настапи британската ѕвезда Ели Голдинг.


Една од најбараните ѕвезди на денешницата ги поздрави Exit и главната сцена точно на полноќ, а својот фантастичен настап го започна со своите хитови.


Позитивната енергија на многуте посетители кои дошле од сите краеви на светот допринесе за настапот на инаку фантастичната Ели Голдин да биде спектакуларен. Британската поп ѕвезда се збогуваше од фестивалската публика со песната "Love me like you do", која е воедно и нејзиниот најголем хит.


Пред неа, громогласен аплауз го дочека бендот "Bastille" и нивната песна од истоимениот албум "Bad blood". Популарниот бенд потоа продолжи да ги изведува своите хитови на главната сцена.


Со хитовите “Things We Lost In Fire”, “Laura Palmer” и “Flaws”, Англичаните ја натераа многубројната публика да скока со нив, а концертот кој претставуваше огромно уживање за тинејџерите и оние кои се чувствуваат така, го завршија со хитот “Of The Night” и за крај, урнебес со мегахитот “Pompeii”...





Спонозорирани линкови

Маркетинг