Патрис Скот во Капан Ан!

Точка

30/06/2016

11:21

4.156

Големина на фонт

а а а

Промотерската организација “Пјурсоул“, оваа сабота, го најавува американскиот DJ Патрис Скот и легендата на белградскиот електронски звук Душан Кацаревиќ, кои заедно со резидентниот DJ Томи Бојаџи ќе ја забауваат скопската и македонската публика.

Забавата ќе се одржи во култниот Капан Ан омилентото место на “Пјурсоул“ и на сите вљубеници во електрноската андерграунд сцена.

Патрис Скот потeкнува од американската “Мека“ на хаусот и техното - Детроит. Неговата биографија е импозантна, а тоа се должи на двете децении минати зад грамофоните и миксетата. Култните “Sharevari“ се причината поради која Скот ги купува првите грамофони.

На неговиот вкус влијаат локалните но светски легенди како Хуан Аткинс, Дерик Меј, Кевин Саундерсон, “Електифајин Moџo“ - Чарлс Џонсон но и чикашкиот звук преку Чип И, Фарли “Jackmaster“ Фанк и Лари Херд. По години минати во настапи низ Детроит рамо до рамо со Џеф МИлс, Патрис Скот ќе се префрли и фокусира на продуцентството.

Тој ќе го основа лејблот “Sistrum Recordings“ чие првоиздание е во далечната 2006 година. Оттогаш Патрис Скот не престанува да ги развива своите вештини како DJ и продуцент и да го истенчува својот веќе прфинет вкус за техно и дип хаус музиката.


Неговата визија за лејблот “Sistrum“ е да се продолжи да обезбедува квалитетна музика а неговото мото е “не плашете се да се биде различен!“За Душан Кацаревиќ може многу да се каже. Тој ја почнува својата кариера уште во 1996 година и е еден од пионерите на електронската музика во Србија. Во 90 тите години од минатиот век настапува во многу познатиот андерграунд клуб “Омен“ а оттогаш има организирано околу 150 забави во Србија и околните земји. Има настапувано низ целиот свет рамо до рамо со најпознатите светски DJ- и како Арил Брика, Карл Крег, Роландо, Винс Вотсон, Нина Кравиц и многу други. Најпознат проект на Кацаревиќ секако е клубот “Wats “во Белград односно “We Are The Shit“ .

Oрганизацијата “Пјурсоул“ зад која стои домашниот DJ Томи Бојаџи е виновнa за настапите на Мајк Хакаби, Orlando Воорн, Дејвид Алварадо, Јури Хулконен и Кунијуки Такахаши, сите врвни мајстори во својата професија, ценети и почитувани низ клубовите во светот.Затоа скопјани, но и сите љубители на квалитетниот електронски звук, повелете на уште една беспрекорна забава на “Пјурсоул“ која ќе се прераскажува низ скопската и македонска андерграунд сцена.Забавата почнува во 24 чаsот, на добро позната локација - Капан Ан. Влезот е 250 денари.

Зад пултот во овој уникатен амбиент ќе застане и српскиот DJ Душан Кацаревиќ, кој стои зад белградскиот клуб “Ватс“ а атмосверата ќе ја загрева домашниот DJ Томи Бојаџи, еден од најистакнатите претсtавници на електронската андерграунд сцена.


Спонозорирани линкови

Маркетинг