Елитниот скопски ресторан 'Воденица-Мулино' се закити со престижна награда во Њујорк

Точка

09/06/2016

17:11

7929

Големина на фонт

а а а

„Интернационалниот Самит за квалитет“, кој минатата недела се одржа во Њујорк, во рамки на своето јубилејно 30. издание годинава за прв пат додели награда за исклучителен квалитет на македонски ресторан.

Во конкуренција на 179 држави од светот, ресторанот „Воденица Мулино“ и официјално ја позиционираше Македонија на гастрономската светска мапа.

Добиениот Сертификат и Златен медал за совршенство и бизнис-престиж, се еден вид признание за перманентните заложби на долг рок.


На пригодната церемонија во Њујорк, САД, годинава присуствуваа преставници на компании од 72 држави, како и истакнати бизнис-лидери, експерти за евалуација на квалитет, академици и припадници на светскиот дипломатски кор.

Преставниците на „Воденица Мулино“, Тони Аритонов и Мишко Аниќ, кои присуствуваа на свеченото доделување на наградите во Њујорк, истакнуваат дека укажаната чест преку овој престижен сертификат е подеднакво голема, како и обврската за одржување на нивото на квалитет, кој овој ресторан го нуди.


„Оваа награда е еден голем стимул и понатаму да ги надградуваме стандардите кои ги поставивме пред 13 години, на чело со Стојан Филипоски. Да се биде дел од елитното друштво на „Интернационалниот Самит за квалитет“, пред се е огромна привилегија, но и обврска за перманентно усовршување на квалитетот. Остануваме посветени на мисијата-покрај храна, да креираме и уметност“, вели Горан Андрејоски, шеф на кујната во „Воденица Мулино“.

„Интернационалниот Самит за квалитет“ е дел од годишната програма на бизнис-платформата BID Awards„, чија главна цел е препознавање на престижот кои одредени компании го нудат преку своите услуги, како и промовирање на концептот на континуирано подобрување на компаниите и организациите на светско ниво.




Спонозорирани линкови

Маркетинг