Мексико во мало, во срцето на Скопје! Кој бил знае...

Точка

02/06/2016

14:58

7.918

Големина на фонт

а а а

Во срцето на Скопје, на добро познатата Ул. Македонија, се наоѓа ресторанот Амигос кој ја доловува убавината и посебноста на традиционалната мексиканска кујна и култура во секој поглед.

Со намирници набавени директно од Мексико, со врвни шефови обучувани од светски имиња од областа на мексиканската кујна, со ентериер кој уште од првиот чекор кон внатре ќе ве одведе кон несекојдневна и егзотична авантура.


Мексиканската кујна може да се каже дека е една од најпознатите и највкусните ширум светот. Интересен факт е дека мексиканската кујна па и не е толку мексиканска... Населението во 16-от век започнало да готви со примеси од Европејците, особено од Шпанците кои тогаш имале свои колонии на територијата на Мексико.


Микс на намирници како пченка, грав, авокадо, домати, чили... тортиљата направена од пченка, чилито без кое гурманите не можат, вкусното гвакамоле и совршениот начос чипс со мацкање во начос чиз сосот кажуваат зошто оваа кујна не остава никого рамнодушен. Многу зачинета, во некогаш навистина необични комбинации, но би било навистина штета да не се проба дури и кога сте најголем скептик.

Верувам секој од нас би сакал да го посети Мексико Сити или Канкун и да ужива во тамошната култура, но за жал Мексико е навистина далеку а авионските карти чинат цело богатство, па токму затоа ресторанот Амигос ја има спакувано мексиканската авантура во своите порции, својот амбиент и огромните смешни шарени сомбреро шапки. А и како што кажавме претходно локацијата е 100% пристапна.


Оваа година во месец јуни, Амигос прославува 10 години успешно споделување на мексиканските доживувања, а по тој повод од сите одлични коктели и специјалитети ја издвојуваат МАРГАРИТАТА како пијалок на месецот. А искрено за добра маргарита нема “идеално време”... Сепак кога во Македонија е 8 часот наутро,во Мексико е 1 часот по полноќ.

Од таа причина ви препорачуваме доколку сакате да се чуствувате како да сте навистина во Мексико и за да му дозволите на Амигос да ви го долови тоа задоволство, однесувајте се и размислувајте како да сте таму!

PROVECHO – што во превод значи да уживате во оброкот или пијалокот...
























Спонозорирани линкови

Маркетинг