Гостиварчанка со мртов плод во стомакот, три дена чека за интервенција само за да не се прекрши законот?

Точка

25/05/2016

13:15

11.974

Големина на фонт

а а а

Назмија Далипи од Гостивар, со мртов плод во стомакот, веќе три дена чека за интервенција на Клиниката за гинекологија и акушерство, пренесе ТВ21.

Поради нејзиниот акутен проблем, докторите од Гостивар уште вчера ја испратиле во Скопје, на Клиниката за гинекологија и акушерство, но таму ѝ било кажано дека нејзиниот термин е во среда, како и тоа дека не се работи за ургентен случај, па дека сепак ќе мора да почека. Но, Назмија била загрижена за своето здравје, но и за своите деца коишто ги оставила кај соседите. Вчеравечер таа се сместила кај нејзиниот брат во Скопје.

- Отидов кај матичната да земам упат за тука. И матичната ми потврди дека бебето е мртво. Тројца лекари ми потврдија дека бебето е мртво. Ме прегледаа и ми рекоа, немаш болки, немаш крвавење, ќе дојдеш во среда. Колку е ова нормално јас од Гостивар пак да дојдам в среда, колку ми е гарантиран животот, може да добијам труење, јас имам деца, изјавила Далипи.



Гинекологот Александар Блажевски изјавил дека било која бремена жена со мртов плод во стомакот, со секој следен ден поминат во таква состојба драстично го вклошува своето здравје.

- Штом се утврди дека бебето е мртво, се констатира веднаш да се извади бебето. Не верувам дека некој гинеколог би рекол мртов плод да остане. Но, зависно од тоа во кој месец, бебето се применува да се заврши бременоста. Кога е мртов плод почнува да се разградува и токсини се ослободуваат и тоа претставува ризик по здравјето на мајката.“, изјавил Блажевски.

Во текот на вперашниот ден екипата на ТВ21 се обидела и да стапи во контакт со ГАК, но безуспешно. Од Министерството за здравство пак изјавиле дека за овој случај сепак би требало да говорат стручни лица. Тимот на ТВ21 исконтактира и со докторката Анета Сима, којашто ја примила и прегледала Назмија. Според неа, се додека бремената жена не крвари, случајот се смета дека не е ургентен и ризичен по нејзиното здравје.

Во меѓувреме и лекарите и од ХЕРА потврдиле дека ваквите случаеви потекнуваат од слепото почитување на законите и стравот на Комисијата која одлучува за абортус од санкциите кои ги предвидува законската регулатива. Инспекторите се страшно сурови кон Комисијата, велат упатените, а членовите се исплашени што на нивен грб паѓа одговорноста доколку ги прекршат одредбите.

Од ХЕРА посочуваат и на уште неколку други случаи од периодот после примената на Законот, каде за абортус жените морале да чекаат неколку дена иако имале крвавење. Според лекарите, ова е најалармантна појава кога треба ургентно да се постапува, но велат дека сосема е возможно да се чекал рокот од три дена во случај кога жената не можела да плати за итна интервенција.