Готвач на 40 гастро-критичари им подметнал храна од McDonald's. Нивните реакции?

Точка

11/02/2016

11:32

7606

Големина на фонт

а а а

И покрај тоа што на самиот старт биле воодушевени, дел од критичарите потоа изразиле незадоволство, додека некои пак тврделе дека уште од самиот старт знаеле дека се работи за храна од McDonald's.

Готвачот Нил Фрејзер одлучил да измами 40 гастро-критичари сервирајќи им специјалитети коишто биле подготвени од храна од McDonald's. Храната којашто била подготвена изгледала исто како и онаа којашто се сервира во скапите ресторани, при што ниту еден од критичарите не се посомневал дека се работи за храна од популарниот ланец за брза храна.

Критичарите имале можност да пробаат експериментално мени од пет оброци.


А менито нудело супа од авокадо со пена од кисело млеко, зелена салата со домати и сланина, зачинети месни кругови, пилешко обвиткано во сланина, и на крајот билe послужени со крем од кафе со боровница и прелив од јавор, пренесува порталот Metro.

Во текот на дегустацијата на храната критичарите морале да ја фотографираат и да ги објават фотографиите на друштвените мрежи со хаштагот #atasteofsocal.


Критичарите најпрво биле воодушевени од храната којашто им била сервирана, но откако Фрејзер им кажал за што точно се работи, голем дел од нив останале прилично шокирани. Дел од критичарите потоа изразиле незадоволство, додека некои пак тврделе дека уште од самиот старт знаеле дека се работи за храна од McDonald's.


Спонозорирани линкови

Маркетинг