Според податоците на Обединетите нации, во светот во текот на минатата 2015 година повеќе од 200 милиони девојчиња и жени биле подвргнати на генитални сакатења, традиционален или верски обред кој, за жал, сé уште е присутен во многу африкански и азиски земји, иако такво нешто не се споменува ниту во Библијата, ниту во Куранот, светите книги на двете најраспространети религии.
Експертите на светската организација проценуваат дека оваа бројка е многу поголема, и предупредуваат дека и покрај напорите таа се зголемува од година в година.
„Доколку ваквите трендови продолжат, бројот на девојките и жените подвргнати на FGM (female genital mutilation – женско генитално осакатување), значително ќе се зголеми во следните 15 години“, објави во петокот УНИЦЕФ во пресрет на Меѓународниот ден на нулта толеранција кон гениталното осакатување на жените.
Според истражувањето на УНИЦЕФ спроведено во 30 земји во светот, речиси половината од вкупниот број осакатени девојки и жени се случиле во Египет, Етиопија и Индонезија. Се проценува, исто така, дека во однос на претходната 2014 година, во мината годната бројот на осакатените девојчиња и жени е поголем за 70 милиони, што се припишува на добивањето на податоците од Индонезија.
Заменикот извршен директор на УНИЦЕФ, Гита Рао Гупта, изјави дека обрежувањето на жените се разликува според регионите и културите, како и дека на сите им е заедничко што претставуваа голема опасност по здравјето и животите. „Гениталното сакатење претставува кршење на човечките права на девојките и на жените, и сите, од владите па до здравствените работници, водачите на заедниците, родителите и семејствата, мораме да вложиме напори тоа да се спречи“, порачува Гупта.
Древниот ритуал обично вклучува целосно или делумно отстранување на надворешните гениталии, а обично се извршува пред девојченцата да наполнат пет години. Во најекстремниот облик, вагиналниот отвор им се зашива кон стомакот. Многу заедници го поддржуваат гениталното осакатување, бидејќи тоа е кај нив предуслов за склопување брак, а многу го гледаат и како религиозна обврска, иако за тоа нема никакви споменувања во двете најраспространети монотеистички религии на светот.
Земји со најголема стапка на генитално осакатување на жените во светот се и натаму Сомалија, следена од Гвинеја, Џибути и Сиера Леоне. Сепак, благодарејќи на превенцијата, во последните 30 години бројот на осакатените жени и девојчиња е драстично намален во Либерија, Буркина Фасо и во Кенија. Извештајот, меѓутоа, не содржи податоци од сите земјата каде женското осакатување е пријавено, па така нема податоци за Индија, Колумбија, Малезија, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.