Креирање на вештачки остров со хотел во Охридското езеро беше една од темите кои ги разработуваа студентите по архитектура во рамки на предметот "Архитектонско студио" на Факултетот за архитектура во Скопје.
Целта беше да се понуди архитектонско решение на овој сложен проект, кое ќе нуди и програмски концепт за островот, односно што би понудил хотелот, како и начинот на кој тој ќе биде поврзан со градот и ќе понуди уште еден јавен простор за Охриѓани и тамошните туристи. Објектот кој би имал современа архитектура треба да има природен дијалог со градот и истовремено да се вклопи без премногу да отскокнува во постоечката архитектура на градот.

Студентите по архитектура, Димитар Петровски и Борјан Овезовски кои работеа на оваа тема во рамки на зимскиот семестар на факултетот како решенија понудија современ висококатен хотел, со форма на цвет, кој нуди плејада од јавни, приватни и комерцијални простори. Хотелот е замислен да биде поставен во близина на кејот во центарот на Охрид, поврзан со мост до градот и да со својот изглед да биде нова, вертикална скулптура во градот. Посетителите на хотелот и неговите барови имаат панорамски поглед кон стариот дел на Охрид. Објектот има модерни содржини, како транспарентен подводен кат кој на посетителите ќе им нуди поглед на езерската флора и фауна, фитнес центар и галериски простор за културни и општествени активности или само релаксирано уживање далеку од туристичката врвулица на самиот врв на хотелот.

На Архитектонскиот факултет уште денес ќе може да се погледне изложбата на студентски проекти. Во продолжение прочитајте го описот на Петровски и Овезовски за нивниот проект за хотел на кејот на Охридското езеро.

Проект: Хотел на кејот на Охридското езеро;
Локација: Охрид;
Студенти/автори: Димитар Петровски и Борјан Овезовски;
Година: 2015/16;
Педагошки тим: Проф. д-р Минас Бакалчев, Викторија Богданова, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Гордан Петров.
Опис од авторите:
Појдовна точка во изработката на овој проект беше поставување на вертикална аксијала која ќе се издигне од површината на Охридското езеро и ќе создаде остров околу неа. Таквата вертикала ќе има улога на светилник и ќе создаде нова вертикална скулптура во силуетата на градот.

Локацијата на хотелот е на местото на старото пристаниште, на кејот на Охридското езеро во Охрид. Пешачкиот пристап до хотелот е овозможен преку мост со кој се пристигнува до кружна платформа која го обиколува објектот и создава јавен простор кој се протега пред самиот објект. Кружната геометрија е задржана и во обликувањето на хотелот бидејќи таа е најповолна и овозможува непречен поглед од 360 степени како кон езерото, така и кон самиот град.
Во лобито на хотелот е сместен лоби бар коj се отвора кон платформата и самото езеро, додека под нивото на лобито е сместено казино, од кое преку ѕидовите од стакло е овозможен визуелен контакт на посетителите со подводниот свет на езерото. Хотелскиот ресторан кој се наоѓа на првиот кат им овозможува на посетителите да уживаат во панорамски погледот на стариот дел на градот Охрид и Охридското езеро.

Карактеристичниот кат на хотелот е составен од 6 соби и една сервисна просторија, кои се радијално поставени околу средишен атриум кој се протега по целата висина на хотелот.
Содржините кои се наменети за рекреација и релаксација на посетителите се наоѓаат на најгорните нивоа на хотелот, така што вежбањето во финтес центарот или пливањето во базенот овозможуваат и уживање во глетката на Охрид од една поинаква перспектива. На највисокото триесетто ниво на хотелот се наоѓа целосно застаклена просторија од која се отвораат визури кон градот и езерото и истата може да се користи како опсерваторија, галерија или како простор за одмор и релаксација.