Истражувањата со користење на магнетна резонанца овозможиле добар увид во делувањето на општата анестезија на нашиот мозок.
Според последните податоци, над 3,5 милиони луѓе годишно во Велика Британија примаат општа анестезија. Сепак, медицината се уште нема одговор на низата на прашања поврзани со анестетиката и како сето тоа влијае на нашиот мозок.
Анестезиолозите обично користат комбинација на лекови базирани на здравјето на пациентот. Истражувањата со користењето на функционална магнетна резонанца им овозможи на научниците да добијат увид во тоа како различните лекови и дози, различно влијаат на мозокот.

Севофлуран
Општ анестетик кој се користи за предизвикување и одржување на бесвесна состојба кај луѓето кои одат на операција.
Како делува на мозокот? Многу мали дози на севофлуран се доволни да влијаат на делот од мозокот одговорен за сеќавање. Зголемени количини на крв кои што пристигнуваат во мозокот влијаат на тоа дека мозочните станици се обидуваат да преживеат и да ја одржат својата вообичаена функција што ги забавува сите останати процеси.
Кои се нус појавите? Кашлање, вртоглавица, мачнина, мамурлак, треска и повраќање. Накратко, губењето на меморијата после операцијата може да биде поврзано со овој анестетик.

Пропофол и кетамин
Пропофолот е хипнотичка дрога, која предизвикува губење на свеста и амнезија. Се користи да им помогне на пациентите да се релаксираат. Кетамин, средство против болка најчесто се користи во комбинација со пропофолот.
Како делува на мозокот? Откако ќе ја добие анестезијата, пациентот полека ја губи свеста, но не одеднаш. Во бесвесната состојба се паѓа полека. Пропофолот делува така што ги врзува рецепторите во мозокот, почнувајќи во средината и движејќи се кон различните делови на мозокот. Кетаминот влијае врз чувството за болка и координација и трае 24 часа.
Кои се нус појавите? Пропофолот може да предизвика чешање или осип, брз или пак забавен пулс и мало печење околу иглата. Кетаминот предизвикува тромавост на мозокот како сонот, заматена слика, лесна вртоглавица, мачнина и несоница.

Што се случува кога дете или постаро лице ќе добијат анестезија?
Изложувањето на децата на анестетици може да предизвика проблеми во невролошкиот развој и промена на структурата на мозокот. Според статија објавена во магазинот "Pediatrics", децата помали од четири години кога ќе добијат анестезија покажуваат помало разбирање и помал IQ. Друга студија од 2012-та година вели дека децата кои што добиле анестезија два пати почесто имаат проблеми со учењето до 10-та година.
На постарите пациенти кои што добиле анестезија им се потребни дури шест месеци за целосно да се опорават. Околу 35% од старите пациенти имаат поголем ризик од деменција. Научниците веруваат дека анестезијата предизвикува воспаление во нервното ткиво, зголемувајќи ја можноста кај старите луѓе за добивање на Алцхајмерова болест.